Денес ја реализиравме обуката за медиумска писменост на младите фокусирана на справувањето со лажни вести, родово-сензитивни дезинформации, говор на омраза

Објавено на: 23.11.2024 година.

Денес ја реализиравме обуката за медиумска писменост на младите фокусирана на справувањето со лажни вести, родово-сензитивни дезинформации, говор на омраза
📌 Говоревме со студентите, младите локални новинари, професорите за потребата од правилно читање на информациите, проверката на изворите и фактите, справувањето со безброј информации и вести достапни на сите видови на медиуми
📍 Низ дискусијата од страна на учесниците беше истакната потребата од поголема едукација, јакнење на капацитетите и знаењата на младите и новинарите за известување и препознавање на дезинформациите, а темите поврзани со родовата еднаквост и можностите на мажите и жените во сите сфери на општественото живеење треба да бидат повеќе застапени на медиумскиот простор
📌 Обуката ја реализиравме во соработка со Правен факултет – Кичево, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола и локалниот медиум Televizija Uskana
📍 Во практичниот дел од обуката студентите имаа можност да учествуваат и во изработката на една од трите новинарски стории кои што ќе бидат изработени во рамките на проектот “Младите и медиумите vs. родово-сензитивните дезинформации“
📍 Проектот “Младите и медиумите vs. родово-сензитивните дезинформации“ е грант кој што го спроведува Рурална Коалиција, а е финансиран во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ спроведуван од Здружение Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, Гостивар Медиум – Medium во партнерство со Институтот за човекови права Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR преку IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights