Објавено на: 04.11.2024 година.
Викендов се одржа традиционалната манифестација “Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна” на која што учествуваа над 300 излагачи и над 50 здруженија меѓу кои што и нашата членка @Здружение на жени фармери Моја Фарма Гостивар, како и
ЛАГ Треска/LAG Treska каде што еден од основачите и главни поддржувачи на неговата работа е токму Руралната Коалиција
Манифестацијата ја организира
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство а целта на манифестацијата е да се промовира локалното производство на храна, да се поддржат локалните производители на храна и домашни преработки се со цел да се поттикне вложувањето и развојот на македонските производи, руралниот туризам, како и зачувување на традиционалните вредности
Ваквите настани треба да го свртат вниманието кон локалниот економски развој и преку вложувања во малите бизниси во руралните средини да се искористи целосниот потенцијал кој што го има нашата земја што пак ќе доведе и до создавање на одржлив рурален развој