
Оваа средба имаше за цел да создаде простор за споделување на предизвиците и механизмите на прекршување на дигиталните права, со фокус на искуствата на жители од помали средини, од рурални средини, ранливи сограѓани и сограѓани со помалку можности

Онлајн животот и зголеменото користење дигитални алатки, не нè прави поотпорни или способни да препознаваме криминал и напади на Интернет. Така, сајбер нападите од големи размери продолжуваат да го нарушуваат регионалниот онлајн простор. Се бележат и зголемени проблеми со онлајн измами (фишинг итн.), пораст на содржината генерирана од вештачка интелигенција, дистрибуција на интимни фотографии и видеа без согласност

На работилницата, голем акцент се стави на одговорноста – дали е таа единствено кај поединецот, или пак, институциите треба да водат поголема сметка за заштита на правата на граѓаните и на Интернет. Одговорот лежи токму во нивоата на одговорност

Учесниците дискутираа за предизвиците кои ги имаа при кршење на дигиталните права и слободи, кои се најчесто резултат на недоволна свесност, недоволната информираност и едукација за тоа колку сме ранливи и во дигиталната сфера

Во рамки на работилницата, од страна на деканката на Правниот факултет,
Svetlana Veljanovska беше најавена и новата студиска програма за втор циклус студии, Право и нови технологии, која ја иницира Правниот факултет во Кичево и која треба да понуди интердисциплинарен пристап на две сфери – темите од областа на правото и на ИТ секторот и дигиталните технологии