Објавено на 07.04.2025 година.
Објавен првиот туристички водич на локалитети на територијата на
Општина Кичево и реонот на Илинска планина

Благодарение на поддршката на
CNVP Foundation и
Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“, Рурална Коалиција со поддршка на локалните туристички водичи и познавачи на областа успеа да го изготви првиот туристички водич кој што говори за локалитетите кои што се вредни за посета и кои што кријат недопрена природа, но и бизни можности за рурален развој и туризам

Преку промоцијата на водичот и неговото доставување до сите чинители во секторот туризам и рурален развој, ќе се зголеми бројот на посетители на регионот, но ќе се создадат и можности за вложување во развојот на руралните средини во реонот на Илинска планина што пак ќе овозможи унапредување како на локалниот економски развој, така и на креирање на одржлив рурален развој

Овој туристички водич е изработен во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ финансиран како подгрант кој што го спроведува Рурална Коалиција, а во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи“. Проектот се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ. Поддршката на ЦНВП за производство на оваа публикација не претставува одобрување на содржината која ги одразува само гледиштата на авторите и ЦНВП не може да биде одговорен за каква било употреба што може да се направи на информациите содржани во неа.