Создавањето на “критична маса“ и заедничкото делување во секторот земјоделство и рурален развој е повеќе и од важно, а се со цел да се овозможи донесување на цврсти, избалансирани, реални јавни политики, документи, одлуки кои што континуирано ќе ги унапредуваат состојбите во земјоделството а ќе произлезат како предлози од оние заради кои што истите се носат – земјоделците и руралното население. За да овој процес биде инклузивен и да ги вклучува сите засегнати страни потребно е да се делува заеднички, здружено, конструктивно. Доколку сметате дека може да придонесете во развојните процеси на земјоделството и руралниот развој и сте заинтересирани за градење на партнерска соработка со сродни организации може да го пополните Формуларот за регистрација на граѓански организации-партнери на Рурална Коалиција и истиот да го испратите електронски на rkoalicija@gmail.com .
Барањето за регистрација може да го пронајдете тука.