Објавено на: 11.03.2025 година.
ои се локалитетите кои што може да ги видите и посетите во Кичево и Кичевскиот регион?

Што се може да видите во реонот на Илинска планина?

Која е приказната на секое од местата и каде точно се наоѓаат? Како се стигнува до нив? Зошто се значајни за Кичевскиот регион?

Рурална Коалиција во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“, а во директна соработка со
Општина Кичево и локалните чинители ја изработи првата мапа со локалитети и бизнис можности на територијата на Кичевскиот регион и Илинска планина

Мапата е отворена за надополнување со локации и можности, а се со цел “никој да не биде изоставен“

Проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ е финансиран како подгрант во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи“, а се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ