Мапирани локалитетите погодни за рурален развој и туризам во Кичевскиот регион

Објавено на 13.02.2025 година
 
Со последните две посети на изворот на минерална и лековита вода во селото Свињишта каде што неодамна со поддршка на ЛАГ Треска/LAG Treska се реновираше и селската воденица, како и посетата на трите чешми како главно обележје на селото Прострање заврши мапирањето на локалитетите кои што се погодни за рурален развој и туризам
🏡Во следниот период ќе се изработи и мапа на локалитети со погодни можности за развој на локални бизниси, туристички потенцијали кои што овие подрачја ги прават значајни и вредни како за посета, така и за вложување во нивниот долгорочен одржлив развој
🏡Мапирањето на бизнис можностите и локалитетите за рурален развој и туризам во регионот на Илинска-Плакенска планина е дел од активностите предвидени во проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ кој што Рурална Коалиција го спроведува со поддршка на ЦНВП и ПОНТ. Оваа проектна иницијатива е дел од пошироките активности предвидени во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи
🏡Проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ