Рурална Коалиција дел од Годишната средба на Мрежата за родово-одговорно буџетирање

Објавено на: 13.12.2024 година.

На 11-12 декември бевме дел од годишната средба на Мрежата за родово-одговорно буџетирање Gender Budget Watchdog Network чии што членки сме како Коалиција, а која што средба беше организирана од страна на Center for Research and Policy Making, како регионален координатор на Мрежата
Низ бројни дискусии, предавања, размена на искуства се утврдуваа насоките за развој на Мрежата во следниот период, а она што е најзначајно се измените на Статутот кој што ги донесовме па Мрежата наместо на регионално ниво како досега ќе може да делува и да има членки од целиот свет, а ја изгласавме и Стратегијата за развој и делување на Мрежата до 2030 година
Исто така, двата дена дискутиравме и како да ги подобриме нашите напори и делувања во делот на застапувањето како на национално така и на локално ниво допирајќи во исто време и до креаторите на политики и до медиумите и до пошироката јавност со јасни пораки кои што ќе вредат да се слушнат, а кои што ќе придонесат за унапредување на родово-одговорното буџетирање во нашата земја и во регионот