Годишна средба на Коалицијата за клима

Објавено на 02.12.2024 година.

Изминатиот викенд бевме дел од годишната средба на Коалицијата за клима на која што сме членки од нејзиното основање и сме дел од Секретаријатот на истата
Целта на Коалицијата за клима е преку своето делување базирано врз основа на партнерство да овозможи креирање на ставови, застапување, едукација, имплементирање на локални климатски акции, а во насока на подигнување на свеста кај националните и локалните власти, бизнис секторот, граѓаните за ефектите од климатските промени
Нашата извршна директорка, Лилјана Јоноски, го претстави работењето на Коалицијата за клима во изминатиот период и ги наметна прашањата како да се продолжи со нејзината работа во следниот период
Во текот на двата дена се говореше за волонтерството во областите поврзани со заштитата на животната средина, делувањето во локалната заедница, како и за успешните примери во делот на еколошка правда. Вториот ден, пак, целосно беше посветен на стратешкиот план на Коалицијата и изработката на акцискиот план за 2025 година
Средбата беше организирана со поддршка од Eko-svest а повеќе информации за работењето на Коалицијата за клима може да прочитате на следната веб страна: https://klimatskaakcija.mk/