


Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа
Статус: Во тек
Период на имплементациjа: 01 март 2020 – 31 август 2020
Коалицијата има потреба од регулирање и унпаредување на транспарентноста, отчетноста, одговорноста на самата Коалиција на еден канализиран и документиран начин, а се со цел практиките кои што ги има и досега во овој сегмент да ги направи формални, но истите и да ги унапреди за да практикува редовни форми на комуникација, како во рамките на Коалицијата кон членките, така и кон надвор кон целната група и пошироката јавност. Чувството на сопственост кое што треба да го има секоја организација кон Коалицијата сеуште не е доволно развиено, па затоа често пати се соочуваме и со пасивност кај членките, па потребни ни се алатки и механизми како да ги вклучиме во секојдневното работење на Коалицијата. 2020 година ни истекува стратегијата на организацијата која што ќе треба да претрпи ревизија и значајни промени при изработката на нова, па самата ревизија на истата како една од активностите предвидени во рамките на овој предлог проект ни е и тоа како потребна. Зголемување на препознатливоста на она што го работи Коалицијата и како да го постигнеме тоа ни претставува уште една потреба која што ќе биде тагирана во рамките на проектот.
Општа цел: Подобрување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на Коалицијата преку воспоставување на практики на работење и комуникација како со своите членки, така и кон пошироката јавност
Специфична цел: Регулирање на транспарентноста и отчетноста на Коалицијата преку развиен стратешки пристап и систем на практики за партиципативно и демократско вклучување на членките и засегнатите страни во работата на Коалицијата
Резултат 1: Jасни, функционално воспоставени организациски структури за унапредување на транспарентноста преку воведување на практики и кодекси на добро управување на Коалицијата
Резултат 2: Ревидиран и унапреден стратешки пристап на регулирање на работата на Коалицијата и воспоставени редовни канали на комуникација и консултација со членството
Активности:
Активност 1.1 – Изработка на прашалник и споделување со членките за да се утврдат главните јазови кои што постојат, а се поврзани со комуникацијата, транспарентноста и отчетноста на Коалицијата
Активност 1.2 – Сумирање на податоците добиени од консултацијата и изработка на извештај од страна на проектниот тим за потребите и ставовите на членството во делот на транспарентноста, препознатливоста и отчетноста на Коалицијата. Самиот извештај всушност ќе биде и почетната основа или база од која што ќе се тргне при изработката на кодексот на однесување
Активност 1.3 – Организирање и одржување на еднодневна работилница за изработка на кодекс за добро управување/етички кодекс на однесување преку која што самите членки на Коалицијата директно ќе учествуваат во неговата изработка, а потоа истиот само ќе се доработи како документ со експертска поддршка, што е и последователна активност во рамките на проектот
Активност 1.4 – Доработка на материјалите добиени од работилницата и финализирање на изработката на кодекс на однесување со експертска поддршка како документ
Активност 2.1 – Спроведување на процес на ревизија на стратегијата на Коалицијата и документот за комуникација со членството преку обезбедување на менторска поддршка за процесот
Активност 2.2 – Одржување на дводневна работилница за стратешко планирање со членството која што ќе овозможи да се дадат основите за новата стратегија, а како појдовна точка ќе се користат препораките од ревидираната постоечка стратегија на организацијата
Активност 2.3 – Финализирање на стратешкиот документ со менторска поддршка
Проектот е ре-грантиран во рамките на програмата “Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации” коjа што jа спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 година, а финансирана од Европската Унија (ЕУ).
Проектот е финансиран од Европската Униjа | Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“ | ![]() |