Прашалник за предизвиците со кои што се соочуваат чинителите во секторот земjоделство и рурален развоj како резултат на справувањето со кризата предизвикана од вирусот Covid 19

Работната недела jа започнуваме повторно со темата #Covid19 а се со цел преку превземање на различни видови на активности полесно да се соочиме со предизвиците од кризата создадена од пандемиjата, но и креирање на решениjа кои што ќе ни овозможат справување и надминување на последиците од истата.

За таа цел, но и за да се изнаjдат вистинските решениjа и да се превземат правилните чекори, тимот на Рурална Коалициjа изработи прашалник чии што одговори треба да ги дадат првите насоки во кои што треба да се движиме и да ги превземаме првите мерки за справување со последиците кои што ни ги донесе и сеуште ни ги носи #Covid19 

Пополнувањето на прашалникот нема да Ви одземе повеќе од 5 минути, а со одговарањето на истиот Вие го давате своjот придонес за справување со вирусот и кризата. Прашалникот може да го наjдете на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScqTygh27yKGUaCvkmwUJcvQMNNqvt7oDFFXSd9vyjQBKnAHQ/viewform?fbclid=IwAR2sUTYufUfqwZRf9VnUmvY1w81aKFwSSGIF2a41ktkxa7RpsmzwOkVV3mU