Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина

Статус: Во тек

Период на имплементациjа: 22 април 2020 – 22 jули 2020

Акциjата е насочена кон руралните средини во Куманово и Кумановско кои што во моментов се наjпогодени од вирусната инфекциjа, па трпението се губи до тоj степен што дури се користи и говор на омраза кон луѓето кои што доаѓаат од селата во градовите како главни виновници зошто го донеле вирусот во градот. Жените од руралните средини се маргинализирани многу повеќе од претходно, па практично се задушуваат од обврски и притисоци, па токму поради тоа ќе се делува во неколку рурални средини преку психолошка поддршка коjа што ќе дисеминираат самите жени и ќе имаат придобивка од истата. 10 села и рурални области ќе бидат опфатени директно со акциjата, но и пошироката jавност преку распространување на видео пораките.

Општа цел: Зголемена социjална инклузиjа на жените од руралните средини во локалната заедница за време на епидемиjата од Корона вирусот

Специфична цел/и: Жените од руралните средини препознаени од пошироката jавност и институциите како група погодена од кризата предизвикана од Корона вирусот

Резултат(и):
Зголемена информираност на пошироката jавност со секоjдневните предизвици со кои што се соочуваат жените од руралните средини во време на епидемиjата од Корона вирусот

Активности:

  1. Идентификување на жените од руралните средини кои што ќе ги искажат jавно своите ставови и размислувања за функционирање во време на Корона вирусот
  2. Изработка на кратка новинарска сториjа со консултациjа на психолог и совети за жените од руралните средини и полесно справување со епидемиjата
  3. Изработка на интерактивно видео со пренесување на пораките и советите од психологот од страна на самите жени од руралните средини за полесно живеење во време на Корона
  4. Обjавување на изработеното видео на локалните медиуми во Куманово

Проектот “Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина“ е финансиски поддржан во рамките на програмата на Цивика Мобилитас