Објавено на 12.11.2024 година.
На 06-ти ноември, нашата извршна директорка, Liljana Jonoski учествуваше на регионалниот состанок за реформа на јавната администрација како дел од проектот ВЕБЕР 3.0, спроведуван од мрежата Мисли за Европа.
Членовите на WeBER платформата од Западен Балкан се сретнаа и разговараа за РЈА на регионално ниво. Оваа платформа обединува повеќе граѓански организации, владини претставници, меѓународни и регионални организации, заедно со истакнати независни експерти, кои споделија своите согледувања за најновите случувања во РЈА.
Во две паралелни сесии, членовите на ГО презентираа прелиминарни резултати и препораки од посебните анализи за земјите од Западен Балкан, за тоа како овие принципи на РЈА се вградени во националните секторски политики, а меѓу организациите кои што ги презентираа своите наоди и предизвици беше и Рурална Коалиција како една од членките на Национална група за реформа на јавната администрација.
Повеќемесечната работа при изработката на извештајот каде што се анализираше примената на СИГМА принципите во работата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство беше презентирана од страна на извршната директорка која што напомена дека реформите во јавната администрација се можни само ако постои волја од сите засегнати страни, а конкретно Министерството за земјоделство поголемиот дел од принципите ги применува на задоволително ниво освен делот кој што се однесува на давањето на повратен одговор кон граѓаните, како и анализа на нивните потреби и приоритети кога се во прашање услугите на институциите.
Во периодот кој што следува Рурална Коалиција ќе работи заедно со Министерството во насока на унапредување на комуникацијата со граѓаните и зголемување на кавлитетот на услугите согласно барањата на граѓаните.
Овој извештај беше изработен во рамките на Проектот ВеБЕР 3.0 кој е имплементиран од мрежата Мисли за Европа која ја сочинуваат Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute – EPI, Институтот за демократија и медијација од Тирана, Институтот Алтернатива од Подгорица, Групата за правни и политички студии од Приштина, Надворешнополитичка иницијатива од Сараево, координирани од Центарот за европски политики од Белград