Јакнење на отпорноста на руралното население на одредени шокови

Објавено на: 27.09.2024 година.

Во современите модели на економски развој, клучно е да имаме отпорност на
економскиот раст (текот на растот) и да имаме стабилна динамика и тенденција.
Во основа постојат метрики за оценка на ранливоста на руралното население на
шокови. Менгисту (2022) во својот труд ја анализира ранливоста во руралните средини по дадени индикатори.
Руралната Коалиција има направено анализа на влијанието на пандемијата 

врз руралните области со родова димензија. Таму се испитува начинот (каналот) преку кој пандемијата влијаела и одговорот е преку пазарниот канал и можностите за пласман. Понатаму, имаме силен шок врз заработката на фармите. Во овој сегмент важно е да се дефинираат политики кои ќе обзебедат отпорност на руралните средини на шокови. Имено, потребни се мерки за дисперзија на пазарното портфолио на фармите и јакнење на нивната конкурентност. Исто така, базирајќи се на анализи важен е континуитет во мерките за достапност на електронски услуги во руралните средини. Во тој дел важно е да се јакне дигиталната писменост и да се намалува дигиталниот јаз, со цел поголема можност за прифаќање на дигиталните услови и дигитализација во руралните средини воопшто.

Со цел поголем развоен импулс важно е да се има поголема кохерентност меѓу
руралниот туризам и земјоделството, а со тоа и креирање одржлив модел на развој на секторот со цел да имаме поголема конкурентност и секторот да генерира вработеност во руралните средини.

Клучно во моделите на рурален развој е и моделот на финансирање на руралниот развој. Неопходно е да се изнајде оптимален модел на финансирање на руралниот развој и во насока на децентрализација на руралните општини и во насока на субвенции кои би обезбедиле раст во руралните општини и рурален развој воопшто. Исто така, во делот на проектното финансирање неопходно е јакнење на проектните капацитети. Во крајна инстанца важна е дисперзијата на портфолиото на инструменти за финансирање на руралниот развој.

Ристе Костовски