тсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките во училиштата коишто се финансираат со пари од родителите

Објавено на: 18.04.2024 година.

Уште едно ново истражување поврзано со јавните набавки во општините, а во рамките на нашиот ангажман како локална партнер организација во проектот “Заштита од корупција“ кој што го спроведува Центар за граѓански комуникации / Center for Civil Communications – CCC со поддршка на Embassy of the Netherlands in North Macedonia.
Имено, истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во 8 општини во земјава открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила кои би овозможиле избор на најповолните понуди и најдобра вредност за потрошените пари. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи МОН за нив има донесено процедури уште во 2014 година.
Раководствата на речиси сите училишта се оградуваат од процесот на спроведувањето на овие набавки со став дека тие не ги собираат парите од родителите, туку дека се врши директно плаќање кон избраните фирми.
Целосното истражување може да го прочитате во табот “Заштита од корупција“ на веб страницата на Рурална Коалиција достапна тука.