Рурална Коалиција стана дел од Македонската мрежа на Фондацијата Ана Линд

Објавено на: 01.04.2024 година.

Вмрежувањето, партнерството, заедничкото движење кон квалитетна локална заедница секогаш вродуваат со плод и квалитетни резултати отколку ако се оди сам.
На наше големо задоволство, Рурална Коалиција стана дел од Македонската мрежа на Ана Линд Фондацијата, а нашата извршна директорка, Liljana Jonoski е и членка на Управниот одбор на мрежата.
Составена од 14 граѓански здруженија, мрежата ќе почне со првите активности во тековната година.
Ана Линд Фондацијата е организација која има за цел поттикнување на дијалог меѓу кулурите во земјите од Медитеранот. Основана во 2004 година, таа дејствува во повеќе од 40 земји и брои над 4100 членки од граѓанските сектори од секоја земја.
ALDA Skopje ја координира работата на оваа мрежа во нашата држава по чија што иницијатива и се формираше истата.
Доколку како здружение сте заинтересирани да станете дел од мрежата, посетете ја страницата на Ана Линд за повеќе информации.