Денот на пролетта одбележан во рамките на кампањата “Климата се менува – зошто не и ние”

Објавено на 18.03.2024 година.

Посветеноста на локалната заедница секогаш дава резултати!
Денес имавме можност да работиме и со најмалите, да ја видиме радоста во нивните oчи при засадување на нивните дрвца во дворот на градинката и нивната прва средба со животната средина.
Огромна благодарност до директорот на градинката “Олга Мицеска” Sadik Ahmeti за неговата отворена соработка и посветеност.
Дрвјата како јавор, јасен, бреза испуштаат високи концентрации на кислород, а тоа е нашата климатска акција која што ја реализиравме преку градење на локално партнерство со градинката како значаен локален чинител од каде што и едукацијата и градењето на свест започнува!
Ваквата акција е исто така и една од мерките кои што се предвидени во новиот Локален еколошки акциски план кој што го изготвивме заедно со тимот на Општина Кичево.
Во исто време ова е и една од активностите што ги реализираме како Локална акциска група ТРЕСКА.
Проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“ е финансиран со институционален грант во рамките на проектот “ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Eko-svest во партнерство со Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, CNVP Foundation а финансиран од Владата на Шведска.