Објавено на 18.03.2024 година.
Денес и на терен ја отпочнуваме промотивната кампања ама и реална акција со која што сакаме да го дадеме нашиот придонес кон почит воздух, почиста животна средина, но и кон ублажување на климатските промени.
Со тоа што денес засадивме 30 вискокислородни дрвја како јавор, јасен, врба со директна поддршка на градоначалникот на ОПШТИНА ПЛАСНИЦА г-динот Alija Jaoski покажавме и докажавме дека општините и граѓанските организации можат да бидат партнери во борбата со климатските промени.
Ваквата акција е исто така и една од мерките кои што се предвидени во новиот Локален еколошки акциски план кој што го изготвивме заедно со тимот на општината, а општина Пласница е уште една во низата на општини кои што имаат нов ЛЕАП а кој што е и законска обврска на општините согласно Законот за заштита на животната средина.
Во исто време ова е и една од првите активности што ги реализираме како Локална акциска група ТРЕСКА.
Проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“ е финансиран со институционален грант во рамките на проектот “ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Eko-svest во партнерство со Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, CNVP Foundation а финансиран од Владата на Шведска.