Month: April 2024

тсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките во училиштата коишто се финансираат со пари од родителите

Објавено на: 18.04.2024 година.

Уште едно ново истражување поврзано со јавните набавки во општините, а во рамките на нашиот ангажман како локална партнер организација во проектот “Заштита од корупција“ кој што го спроведува Центар за граѓански комуникации / Center for Civil Communications – CCC со поддршка на Embassy of the Netherlands in North Macedonia.
Имено, истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во 8 општини во земјава открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила кои би овозможиле избор на најповолните понуди и најдобра вредност за потрошените пари. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи МОН за нив има донесено процедури уште во 2014 година.
Раководствата на речиси сите училишта се оградуваат од процесот на спроведувањето на овие набавки со став дека тие не ги собираат парите од родителите, туку дека се врши директно плаќање кон избраните фирми.
Целосното истражување може да го прочитате во табот “Заштита од корупција“ на веб страницата на Рурална Коалиција достапна тука.
 
 

Со ликовна изложба ги заокружуваме теренските активности во рамките на проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“

Објавено на 05.04.2024 година.

Денес на одличен начин ставивме крај на уште еден успешно реализиран проект.
Докажавме и покажавме дека локалните партнерства се можни, моќни и влијаат во заедницата.
Со изложбата на цртежите на учениците од Средното општинско училиште “Св. Наум Охридски” од Македонски Брод на тема “Климатските промени и ние” уште еднаш низ уметнички израз говоревме за климата, за локалната заедница, за нашиот граѓански ангажман.
Со училиштето, како и со нашите локални партнери Локал Акт Македонски Брод/Local Act Makedonski Brod и Ekolosko Drustvo “Treska” – Makedonski Brod/ EД „Треска“ – Македонски Брод веќе ги договоривме и нашите следни активности затоа што климата се менува и не чека, па затоа мора да се менуваме и ние!
Огромна благодарност до Eko-svest како и нивните партнерски организации Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association и CNVP Foundation за поддршката и довербата во нашата работа.
Продолжуваме со нови проекти, нови климатски акции кои што ќе не донесат до климатски отпорни локални заедници!
Проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“ е финансиран со институционален грант во рамките на проектот “ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Eko-svest во партнерство со Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, CNVP Foundation а финансиран од Владата на Шведска.
#ЗаедноЗаКлиматскаАкција

Рурална Коалиција стана дел од Македонската мрежа на Фондацијата Ана Линд

Објавено на: 01.04.2024 година.

Вмрежувањето, партнерството, заедничкото движење кон квалитетна локална заедница секогаш вродуваат со плод и квалитетни резултати отколку ако се оди сам.
На наше големо задоволство, Рурална Коалиција стана дел од Македонската мрежа на Ана Линд Фондацијата, а нашата извршна директорка, Liljana Jonoski е и членка на Управниот одбор на мрежата.
Составена од 14 граѓански здруженија, мрежата ќе почне со првите активности во тековната година.
Ана Линд Фондацијата е организација која има за цел поттикнување на дијалог меѓу кулурите во земјите од Медитеранот. Основана во 2004 година, таа дејствува во повеќе од 40 земји и брои над 4100 членки од граѓанските сектори од секоја земја.
ALDA Skopje ја координира работата на оваа мрежа во нашата држава по чија што иницијатива и се формираше истата.
Доколку како здружение сте заинтересирани да станете дел од мрежата, посетете ја страницата на Ана Линд за повеќе информации.