






ЗАЕДНО можеме повеќе: Активна локална заедница води активна борба против родово- базирано и сексуално насилство
Времетраење на проектот: 18 месеци
Општа цел: Зголемување на ефикасноста на заштитата на жените во локалната заедница од родово-базирано и сексуално насилство
Специфична цел 1: Зголемување на базата на податоци и информации поврзани со родово-базирано насилство во Југозападниот плански регион
Специфична цел 2: Јакнење на капацитетите и функционалноста на институционалните механизми и тела за заштита и превенција од родово-базирано насилство во општините во Југозападниот плански регион
Специфична цел 3: Зајакнување на свеста и информираноста кај жените во локалната заедница за механизмите и алатките за превенција од родово- базирано и/или сексуално насилство.
Целни групи:
– Општините од Југозападниот плански регион( урбани и рурални)
– Советите за превенција во општините каде што се формирани и ќе ги јакнеме нивните
капацитети.
Како крајни корисници во рамките на проектните активности ќе се јават жените од Југозападниот плански регион со кои што ќе работиме и директно на терен во делот на зголемувањето на информираноста и едукацијата за превенција и заштита од родово- базирано и сексуално насилство.
Локација: Општини од Југозападен плански регион
Главни активности:
Активност 1.1: Собирање на податоци и информации за локални случаи на родово-базирано и/или сексуално насилство во општините во Југозападниот плански регион
Активност 1.2: Подготовка на локален извештај за Југозападен плански регион за институционалните механизми за превенција и заштита и случаевите на РБН и СН
Активност 1.3: Презентација на резултатите од локалните извештаи за РБН и СН
Активност 1.4: Изработка на документ за јавни политики
Активност 2.1: Организирање на 2 едукативни сесии за членовите на Советите за превенција
Активност 3.1: Спроведување на локална кампања за јакнење на свеста во заедницата за превенција и заштита од РБН и СН
Активност 3.2: Учество завршен настан/тркалезна маса со национални чинители
Буџет (во евра): 15.000 евра
Проектот ЗАЕДНО можеме повеќе: Активна локална заедница води активна борба против родово-базирано и сексуално насилство го спроведува Рурална Коалиција, како подгрант во рамките на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство“ финансиран од Европската Унија, имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во партнерство со ХЕРА – Асоцијација за истражување и здравствена едукација, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните групи“ Маргини и Граѓанска асоцијација Реактор – Истражување во акција.





Младите и медиумите vs родово-сензитивните податоци
Цел на проектот:
- Зајакнување на медиумската писменост и капацитети кај младите и локалните медиуми за справување со родово- сензитивните дезинформации
Целна група:
Млади, студенти од Правен факултет Кичево, локално ГО, локални новинари и медуми од општина Кичево
Локација:
- Кичево
Главни активности:
- Активност 1.1.1 – Базично онлајн истражување за
утврдување на перцепциите и ставовите на младите,
студентите, локалните ГО и новинарите од општина Кичево - Активност 1.1.2 – Медиумска информативна кампања за
споделување на резултатите и препораките од
истражувањето - Активност 2.1.1 – Обука со млади и локални новинари за
справувањето со родово-сензитивните дезинформации - Активност 3.1.1 – Изработка на 3 медиумски/новинарски
текстови на студентите и локалниот медиум/партнер
Буџет во денари:
- 180.000 денари
Проектот “Младите и медиумите vs. родово-сензитивните дезинформации“ е грант кој што го спроведува Рурална Коалиција, а е финансиран во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ спроведуван од Здружение Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, Гостивар во партнерство со Институтот за човекови права преку IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights.




Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)
Сузбивањето на корупцијата е суштинско за зголемување на довербата во институциите, заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување. Граѓаните ja препознаваат корупцијата како најголем проблем, а коруптивниот притисок и виктимизацијата се значително зголемени. Искористувањето на придобивките од дигиталните технологии може значително да ја унапреди транспарентноста и намали корупцијата.
Проектот “Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)” цели кон активно вклучување на заедницата за поголема отпорност на корупција на локално ниво. Поточно, проектот цели кон унапредување на отвореноста на локалните власти преку подобрена соработката помеѓу граѓанските организации (ГО) и граѓаните со локалните власти, како и активно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки преку иновативни дигитални алатки.
Целни групи на проектот се единиците на локалната самоуправа, граѓаните и ГО.
Проектот се очекува да резултира со:
- Зголемено граѓанско учество и зајакнато граѓанско општество во насока на подобрување на процесот на креирање политики и донесување одлуки.
- Зголемена граѓанска вклученост и доверба во граѓанското општество преку информирани и активни конституенти на граѓанското општество вклучени во заеднички граѓански иницијативи.
Проектните активности вклучуваат:
- Зголемување на отвореноста на локално ниво за поголем ангажман на ГО и граѓаните, преку:
- Мониторирање на отвореност на локалните власти преку Индексот на отвореност
- Креирање на листа за само-евалуација на локалните власти за мерење на нивната отвореност
- Менторска поддршка за јакнење на капацитетите на локалните власти
- Подобрување на консултациите преку усвојување на годишен календар за планирани консултации и редовно објавување на извештаи по направените консултации
- Зголемување на учествотото на граѓаните и граѓанските организации во консултативните процеси на локалните власти при донесување на одлуки, преку користење на иновативни дигитални алатки. Ова ќе се постигне преку:
- Надградба на дигиталната алатка мЗаедница и оспособување на локалната администрација за нејзино користењe
- Промовирање на мЗаедница во контекст на јавни консултации на локално ниво
Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци).
Партнери: Фондација за Интернет и општество Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21.
Грантот е дел од ЦИВИКА Мобилитас – проект на Швајцарската амбасада кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.



Локални партнерства за локални климатски акции
Статус: Во тек
Период на имплементација: 15 месеци ( до Април 2024)
Цел на проектот: Зајакнување на локалните партнерства и долгорочен развој на локалните чинители во институционалната борба со климатските промени,
Целни групи: општините Кичево, Пласница и Македонски Брод.
Цели на проектот:
- Зајакнување на капацитетите и знаењата на локалните ГО на темата клима и вклучување во локалните процеси на донесување на одлуки;
- Зајакнување на капацитетите и стратешкиот развој на општините во борбата со климатските промени;
- Зајакнување на свеста кај граѓаните и мобилизација на заедницата преку преземање на практични мерки и активности за создавање на климатски отпорни локални заедници.
Главни активности:
- Мапирање на приоритетите и капацитетите на локалните чинители во делувањето и одговорот кон климатската криза;
- Одржување на јавна трибина за споделување на резултатите од истражувањето и вклучување на пошироката јавност во консултативните процеси;
- Организирање на 3 обуки со примена на практични и демонстративни мерки на фарма/нива кои што директно придонесуваат во борбата со климатските промени;
- Изработка на локални еколошки акциски планови за општините Кичево, Македонски Брод и Пласница;
- Реализација на минимум 1 мерка од локалниот еколошки акциски план во секоја од општините преку вклучување на сите локални чинители (секоја од општините избира по една мерка која што смета дека може и има капацитети да ја реализира);
- Организирање на кампања за јакнење на свеста кај локалното население за потребата од климатска акција и негова мобилизација во реализацијата на практични мерки и активности во соработка со општините
Очекувани резултати:
- Изработени еколошки акциски планови за трите општини, Кичево, Пласница и Македонски Брод.
- Зајакнати знаења и капацитети на локалните ГО и останатите чинители на теми кои што се директно поврзани со климата и климатската акција на локално ниво;
- Зајакнување на свеста кај локалното население за преземање на мали реални климатски акции;
- Имплементација на минимум една мерка од изготвените локални еколошки планови.
Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ е предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), а финансиски подржан од Владата на Шведска.









Со Европско знаење до подобрена родова еднаквост во локалната заедница
Статус: Во тек
Времетраење
– 15 месеци (до мај 2023)
Цел на проектот
– Да се подобри вклученоста на локалната заедница во процесите на интеграција во ЕУ преку унапредување на процесите на партиципативно и родово чувствително креирање политики.
Целни групи
– 6 општини и локално население во 3 плански региони и тоа: Југозападен регион (Кичево и Пласница), Полошки регион (Гостивар и Врапчиште), и Пелагонискиот регион (Прилеп и Кривогаштани).
Цели на проектот
- Да се подобрат знаењата и капацитетите на претставниците на локалните организации и жените од руралните области.
- Да се зајакне соработката и вмрежувањето помеѓу сите засегнати страни на локално ниво.
- Да се подигне свеста на населението во руралните средини за родовата еднаквост како основно човеково право, но и како клучна компонента во процесите на интеграција во ЕУ.
Проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“, имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).
Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.


Заштита од корупција
Статус: Во тек
Времетраење: 1.11.2021 – 31.10.2024 година.
Цел на проектот
– Намалување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства на ниво на локалната самоуправа преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции и имплементација на мерките предвидени во Националната стратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година.
Планирани остварувања
- Зајакнување на локалните НВО-и преку обуки, менторство, финансиска поддршка и вмрежување за спроведување активности за намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во локалните институции.
- Намалување на корупцијата и зголемување на отчетноста во трошењето на јавните пари преку мониторинг на постојните практики во јавните набавки, детектирање на генераторите на корупција во сите фази на набавките и спроведување релевантни мерки за унапредување.
- Овозможување на јавно-приватен дијалог помеѓу локалните власти и микро, малите и средните претпријатија во процесот на креирање политики со цел градење на доверба и зголемување на развојот на локалната економија.
- Подобрување на управувањето со финансиите во локалните институции преку подобрена и редовна комуникација со граѓаните и бизнис-заедницата и подобрување на внатрешната регулатива и процедури.
- Зголемување на јавниот притисок за поголема транспарентност, отчетност и интегритет во локалните институции преку воспоставување платформа на локални медиуми на кои им се овозможени неопходните ресурси и знаење.
- Подобрување на квалитетот на испораката на услугите на локално ниво преку зголемување на интегритетот и контролните механизми на локалните институции



,,Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на jавната администрациjа,,
Статус: Во тек
Времетраење: 9 месеци.
Општа цел на проектот: Заjакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини преку развоj на препораки и застапување за дигитализациjа на локално ниво.
Проектот ќе се имплементира во општините Старо Нагоричане, Кривогаштани и Врапчиште.
Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од девет месеци на имплементација и да се осврне на основната грижа преку постигнување на следниве два резултати:
- Развиени и применливи методи и алатки за утврдување и следење на процесот на дигитализациjа на услугите во руралните општини,
- Граѓаните во руралните општини Кривогаштани, Врапчиште и Старо Нагоричане активно вклучени во процесот на развивање и застапување на препораките за унапредување на квалитетот на издавање на локалните услуги.
Вака поставените резултати директно придонесуваат кон остварувањето на целта поставена во рамките на проектот со што не само што ќе се воспостави редовен мониторинг и следење на унапредувањето на квалитетот и дигитализациjата на jавните услуги во руралните општини, туку ќе овозможи и директна вклученост на граѓаните и придонес кон реформата на jавната администрациjа на локално ниво.
Целни групи:
Граѓани-жители на Старо Нагоричане, Кривогаштани и Врапчиште, како и претставници на локални здружениjа, но и вработени во општините
Главни активности:
- Реализирање на истражување за достапноста на е-услугите и процесот на дигитализациjа на локално ниво,
- Изработка на извештаj и презентациjа на резултатите од истражувањето
- Развивање на методи и алатки за граѓански мониторинг на процесот на дигитализациjа и давање на е –услуги во руралните општини,
- Спроведување на граѓански мониторинг со развиените алатки од страна на самите граѓани во руралните општини,
- Изработка на видео материjали и лични приказни на руралното население за реформата на jавната администрациjа и предизвиците со кои што се соочуваат граѓаните,
- Одржување на 3 консултативни средби со минимум 10 граѓани по општина, а се со цел да се придонесе кон процесот на креирање на е-услуги и дигитализациjа по мерка на граѓаниниот
- Изработка на видео истражувачка новинарска сториjа,
- Изработка на краток документ за jавни политики со внесени препораки за полесна и побрза реформа на jавната администрациjа и презентиран на завршна локална конференциjа.
Проектот е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија).


Климатска акција за климатските промени во земјоделството
Статус: Во тек
Времетраење: 8 месеци.
Преку ваквиот проект и кампања пред се ќе се влијае директно на подигањето на свеста кај малите земјоделски стопанства, а се со цел да се сфати и потребата за делување во насока на ублажување и прилагодување кон последиците од климатските промени.
Целни групи:
Во рамките на проектот ќе бидат вклучени семејни земјоделски стопанства, како и земјоделски здруженија од 5 плански региони: Југозападен, Југоисточен, Пелагонски, Полошки и Североисточен како директни корисници во рамките на истиот
Главни активности:
- Мапирање на здруженија – членки на Коалицијата од 5 плански региони кои што ќе изразат
волја и мотивација за вклучување во процесот на едукација и надградба на капацитетите на
нивните членови за креирање, но и за лобирање на предлози во процесот на креирање и
имплементација на локални, но и национални политики поврзани со климатските промени. - Организирање на едукативни сесии (работилници) за алатките и начините на вклучување во
процесите на креирање јавни политики и застапување на дадените предлози. - Креирање на кратки 5 документи за јавни политики на локално ниво поврзани со адаптација
и ублажување на ефектите од климатските промени. - Идентификација на 5 земјоделски стопанства кои што веќе применуваат одредени мерки за
ублажување на ефектите од климатските промени. - Организирање на 3 практични предавања на терен со посета на идентификуваните
земјоделци за примена на агротехнички мерки и зачувување на биодиверзитетот, односно
заштита на растенијата со биолошка борба за прилагодување кон климатските промени и
намалување на ефектите од нив при што ова ќе биде и иновативниот елемент во самиот
проект.



Дигитализација во земјоделството – СЕГА !
Статус: Во тек
Зошто дигитализација?
- 170.000 евидентирани земјоделски стопанства
- Само 10.000 аплицирање електронски за субвенции
- Портал за е-услуги и дигитална агенда – непознати
- Немање на доверба во електронско комуницирање со институциите
5 Плански региони : Кривогаштани, Кичево, Врапчиште, Старо Нагоричане и Струмица.
Цели на проектот:
- Зголемување на довербата во институциите преку зголемена употреба на е-услугите во локалната заедница
- Зголемување на видливоста на предизвиците со кои што се соочува земјоделството во поглед на Дигиталната Агенда
- Зголемување на нивото на компјутерска писменост и знаење на употреба на дигиталните алатки и е-услугите кај руралното население
- Зацврстување на довербата во on-line комуницирањето со институциите преку практична употреба на дигиталните алатки и е-услуги.



Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост
Статус: Во тек
Зошто дигитализација?
- 170.000 евидентирани земјоделски стопанства
- Само 10.000 аплицирање електронски за субвенции
- Портал за е-услуги и дигитална агенда – непознати
- Немање на доверба во електронско комуницирање со институциите
5 Плански региони : Кривогаштани, Кичево, Врапчиште, Старо Нагоричане и Струмица.
Цели на проектот:
- Зголемување на довербата во институциите преку зголемена употреба на е-услугите во локалната заедница
- Зголемување на видливоста на предизвиците со кои што се соочува земјоделството во поглед на Дигиталната Агенда
- Зголемување на нивото на компјутерска писменост и знаење на употреба на дигиталните алатки и е-услугите кај руралното население
- Зацврстување на довербата во on-line комуницирањето со институциите преку практична употреба на дигиталните алатки и е-услуги.





Низ женски леќи: Дигитализација во земјоделството – СЕГА !
Статус: Во тек
Период на имплементациjа: 40 месеци ( до Април, 2024 )
Поттикнување на проактивноста на граѓанското општество преку зајакнување на вмрежувањето, користејќи РОБ методи за соработка со локалната самоуправа и формирање на локални политики и буџети за решавање на различните потреби на жените и мажите, особено на најранливите и маргинализираните групи во 17 целни општини (Делчево, Македонска Каменица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Струга, Вевчани, Крушево, Кривогаштани, Чаир, Шуто Оризари, Илинден, Старо нагоричане, Липково, Брвеница и Теарце) .
Главни активности:
- Мобилизација на граѓаните
- Градење на капацитетите на ГО
- Промовирање на Мрежата за родово одговорно буџетирање како партнер на општините
Партнери:
ЦИКП ( Главен партнер ), ЕХО Штип, Рурална Коалиција, Лулуди и Новинари за човекови права;

Институционална поддршка и организациски развој – програма Цивика Мобилитас
Статус: Во тек
Период на имплементациjа:01 jули 2020 – 01 јули 2022
Рурална Коалициjа во наредните две години ќе ги jакне своите институционални и организациски капацитети со поддршка на програмата на Цивика Мобилитас. Ќе делува во сите четири области на кои што се темели програмата на Цивика Мобилитас
- Овозможувачко опкружување (околина) за граѓанското општество
- Граѓански ангажман
- Соработка и
- Граѓанско учество
И со своите активности во секоjа од обласите ќе придонесе кон остварување на позитивни промени кон граѓаните во заедницата.
Пооделно за целите, резултатите и активностите во секоjа од областите прочитаjте тука:


Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница
Статус: Во тек
Период на имплементациjа: jуни – ноември 2020
Проектот започнува со мапирање и идентификување на економските предизвици со кои што се соочуваат жените во руралните средини како и последиците кои што ги трпат поради кризата предизвикана од Корона вирусот. Мапирањето ќе се спроведува во два плански региони каде што делуваат партнер организациите, односно Полошки и Североисточен плански регион, а ќе се направи и десктоп анализа на економската погоденост на жените од руралните средини, како од кризата, така и колку е застапена финансиската поддршка каj жените носителки на семеjните земjоделски стопанства со фокус на мерката 115 коjа што за прв пат беше обjавена благодарение на групата за родова еднаквост на МЗШВ во коjа што членува и Рурална Коалициjа, а беше промовирана од претставниците на Министерството на завршниот настан на проектот од претходната грантова шема на Мрежата за рурален развоj. Изготвената анализа и сумираните теренски податоци ќе бидат преточени во документ за jавна политика чии што предлози, мерки и барања ќе се провлекуваат низ целиот проект. За да се зголеми пак видливоста на економските предизвици со кои што се соочуваат жените ќе бидат организирани 2 jавни настани и тоа: дисеминациjа на резултатите низ електронските, ТВ и социjалните медиуми, како и физичка дистрибуциjа на предвидените промотивни материjали, но и изработка на истражувачка новинарска видео сториjа со опфаќање на сите локални чинители во процесот, при што е предвидено истата да биде обjавена на еден национален и 2 локални медиуми како би бил видлив и препознатлив економскиот родов jаз во руралните средини каj пошироката jавност. Но како да се помогне за истиот да се надмине коj што пак како jаз особено се продлабочи со кризата предизвикана од Корона вирусот? Имено, наjпрво ќе се организира обука на тема застапување на економските приоритети и потреби на жената од руралната средина, за потоа пак да се премине на изготвување на практичен водич коj што ќе им jа олесни продажбата од куќен праг на жените од руралните средини согласно новите правилници. За да што повеќе жени се запознаат со новите правила за продажба од дома и со содржината на самиот водич ќе се организираат минимим 2 студиски кружоци за да се дисеминира знаењето и да им се помогне на што повеќе жени во надминувањето на економската криза во однос на продажбата на нивното производство. Како завршен настан е организирање на посета на Министерството за земjоделство каде што жените ќе може да се запознаат со процесите на креирање на политики и донесување на одлуки, но и да ги пренесат своите предлози и мерки кои што треба да го унапредат практикувањето на родовата еднаквост во сите мерки и политики на Министерството, како и да го зголемат влиjанието врз процесите на донесување на одлуки што пак е и општата цел предвидена за достигнување во рамките на проектот

Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина
Статус: Во тек
Период на имплементациjа: 22 април 2020 – 22 jули 2020
Акциjата е насочена кон руралните средини во Куманово и Кумановско кои што во моментов се наjпогодени од вирусната инфекциjа, па трпението се губи до тоj степен што дури се користи и говор на омраза кон луѓето кои што доаѓаат од селата во градовите како главни виновници зошто го донеле вирусот во градот. Жените од руралните средини се маргинализирани многу повеќе од претходно, па практично се задушуваат од обврски и притисоци, па токму поради тоа ќе се делува во неколку рурални средини преку психолошка поддршка коjа што ќе дисеминираат самите жени и ќе имаат придобивка од истата. 10 села и рурални области ќе бидат опфатени директно со акциjата, но и пошироката jавност преку распространување на видео пораките



Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа
Статус: Во тек
Период на имплементациjа: 01 март 2020 – 31 август 2020
Коалицијата има потреба од регулирање и унпаредување на транспарентноста, отчетноста, одговорноста на самата Коалиција на еден канализиран и документиран начин, а се со цел практиките кои што ги има и досега во овој сегмент да ги направи формални, но истите и да ги унапреди за да практикува редовни форми на комуникација, како во рамките на Коалицијата кон членките, така и кон надвор кон целната група и пошироката јавност. Чувството на сопственост кое што треба да го има секоја организација кон Коалицијата сеуште не е доволно развиено, па затоа често пати се соочуваме и со пасивност кај членките, па потребни ни се алатки и механизми како да ги вклучиме во секојдневното работење на Коалицијата. 2020 година ни истекува стратегијата на организацијата која што ќе треба да претрпи ревизија и значајни промени при изработката на нова, па самата ревизија на истата како една од активностите предвидени во рамките на овој предлог проект ни е и тоа како потребна. Зголемување на препознатливоста на она што го работи Коалицијата и како да го постигнеме тоа ни претставува уште една потреба која што ќе биде тагирана во рамките на проектот.
Проектот е финансиран од Европската Униjа | Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“ | ![]() |

Фундаменталните човекови права и родовата еднаквост – предизвик за практикување во руралните средини
Статус: Во тек
Период на имплементациjа: 01 ноември 2019 – 30 jуни 2020
Проектот е еден од ретките коj што дава една поинаква димензиjа и перцепциjа воопшто за земjоделците и руралното население, а особено за жените од руралните средини кои што поради владеењето на традиционалните бариери често пати немаат ниту основни информации за она што се случува како процес во државата, а уште пак помалку да го практикуваат тоа што како право им следува. Често пати не се ни реагира на мерки или одредени активности или однесувања во општеството затоа што не се ни препознаени дека се дискриминаторски поради немање на информациjа или познавање на темата. За прв пат ќе се прашаат жените од руралните средини и за своите ставови и позиции за ЕУ интеграциjата на нашата земjа, но во домен коj што се однесува токму на нивните права и колку истите ги уживаат, а нема да биде поврзано само со она што го работат на нива или на поле. На таков начин жителите на руралните средини ќе добиjат една поинаква перцепциjа и разбирање на ЕУ интеграциските процеси, односно дека истите започнуваат од практикувањето на основните човекови права кои што треба да бидат исти и да важат за сите, односно како да се подобри нивната социjална и економска положба како идни граѓани на ЕУ, а во рамките на Поглавjето 23 – Правосудство и темелни права, па дури потоа да се разговара конкретно за она што го работат како деjност.


Државното земјоделско земјиште – во рацете на моќните олигарси или кај вистинските земјоделци
Период на спроведување: jули – декември 2019
Над 7 илјади договори за распределба на државно земјоделско земјиште се склучени во последните 12 години.[1] Но тука се поставува прашањето кој, како, по кој основ го добива земјоделското земјиште, но и дали истото се користи за намената за која е предвидено? Колку се транспаретни постапките за доделување на земјоделското земјиште, колку истите им се познати на земјоделците? Дали во комисиите за доделување на земјоделско земјиште има и членови земјоделци? Дали земјоделците доколку забележат појави за корупција знаат како и каде да пријават? Дали го прават тоа? Ова се само дел од прашањата на кои што за жал најголемиот број на граѓани, а особено земјоделците како целна група го немаат одговорот. Токму тука се јавува и потребата од овој проект, односно да се добијат точните информации како една постапка за доделување на земјоделско земјиште се одвива, каде се јавуваат тесните грла или gap – ови кои што ја даваат можноста за корупција, колкава е транспарентноста на огласите кои што се објавуваат, кој ја сочинува комисијата за доделување на земјиштето, колку тоа им е познато на земјоделците, како и каде може да ги пријават обидите за корупција итн.
[1] Официјални податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, www.mzsv.gov.mk


Активни жени во руралните средини – активно придонесуваат кон развојот на локалната заедница
Период на спроведување: jуни – ноември 2019
Проектот ја третира темата на родова еднаквост во рураланите средини, но е насочен кон економската активност на жените и како да се поттикнат истите што е можно повеќе да се активираат на локално ниво, како во процесите на донесување на одлуки, така и во делот на отпочнување или развој на агро-бизнисот во семејното земјоделско стопанство. Фактот дека само 5-6% имаат имот или обработливо земјиште на свое име или дека во најголем број на случаеви се оддалечени по 10 и повеќе километри од услугите (социјални, економски, градинки итн.) се доволно алармантни податоци за да се зголеми обемот на активности кој што го има во руралните средини, а кој што ги опфаќа и жените. Тие се тука, присутни, придонесуваат за развојот на заедницата, но нивниот труд и заложба сеуште не е доволно видлив, а за да стане препознатлив потребно е што е можно поголемо активирање на жените во локалната заедница.