Рурална коалиција објавува оглас за учество во промотивна кампања “Локални партнерства за локални климатски акции“

Датум на објава: 15.01.2024 .

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објавува Јавен повик за изразување на интерес за вклучување во промотивна кампања на тема поврзана со локални климатски акции кои се одвиваат на територијата на три општини од Југозападниот регион и тоа: Кичево, Пласница и Македонски Брод. Активностите и видеото се изработени во рамки на проектот „Локални партнерства за локални климатски акции“ кој што е финансиски поддржан во вид на институционален грант во рамките на проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Владата на Шведска. Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведска. Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Шведска.

Проектот се имплементира во општините: Кичево, Пласница и Македонски Брод.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од петнаесет месеци на имплементација и да се осврне на зајакнување на локалните партнерства и долгорочен развој на локалните чинители во институционалната борба со климатските промени преку остварување на следниве четири резултати:

  • Изработени еколошки акциски планови за трите општини, Кичево, Пласница и Македонски Брод.
  • Зајакнати знаења и капацитети на локалните ГО и останатите чинители на теми кои што се директно поврзани со климата и климатската акција на локално ниво;
  • Зајакнување на свеста кај локалното население за преземање на мали реални климатски акции;
  • Имплементација на минимум една мерка од изготвените локални еколошки планови.

Опис и цел на повикот:

Отворениот повик има цел да се изберат 5-6 електронски медиуми/портали и/или традиционални медиуми (ТВ) кои што ќе бидат заинтересирани за објава на активности поврзани со промотивната кампања како и објава на промотивното видео кое што ќе биде изработено во рамките на проектот. Ваквите јавни објави на промотивните активности треба да ја зголеми соработката помешу граѓанските организации, општините и медиумите во делот на заедничкото делување за справување со климатските промени, но и да ја зголеми свеста кај пошироката јавност за потребата од климатска акција преку прикажување на инсерти од реализацијата на практичните мерки и активности на локалното население во соработка со општинитe. Промотивната кампања ќе биде активна и на социјалните мрежи со цел да се допре до поголем број на засегнати страни.

Делокруг на задачата:

  • Објава на промотивни акктивности и видео на електронскиот портал или ТВ медиум со целосна должина, логоа и текст;
  • Спроведување на правилата за видливост на донаторот во соработка со проектниот тим.

Надомест:

Вкупиот надомест за извршените услуги не треба да ја надминува сумата од 6.000 денари.

Изразување на интерес

Изразувањето на интерес се врши со испраќање на потврдна порака на електронската адреса rkoalicija@gmail.com најдоцна до 20.02.2024 година. Во пораката треба да се наведе електронскиот портал или ТВ каде што ќе бидат објавувани промотивните активности.

Рурална коалиција објавува оглас за изразување на интерес за печатење на материјали за промотивна кампања

Датум на објава: 15.01.2024 .

Рурална Коалиција во рамките на проектот: “Локални партнерства за локални климатски акции“ кој што е финансиски поддржан во вид на институционален грант во рамките на проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Владата на Шведска, објавува: Оглас за изразување на интерес за печатење на материјали за промотивна кампања.

Организирање на кампања за јакнење на свеста кај локалното население за потребата од климатска акција и негова мобилизација во реализацијата на практични мерки и активности во соработка со општините е дел од активностите кои се предвидени во проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“.
Цел на проектот: Зајакнување на локалните партнерства и долгорочен развој на локалните чинители во институционалната борба со климатските промени.

Целни групи: општините Кичево, Пласница и Македонски Брод.

Цели на проектот:

  • Зајакнување на капацитетите и знаењата на локалните ГО на темата клима и вклучување во локалните процеси на донесување на одлуки;
  • Зајакнување на капацитетите и стратешкиот развој на општините во борбата со климатските промени;
  • Зајакнување на свеста кај граѓаните и мобилизација на заедницата преку преземање на практични мерки и активности за создавање на климатски отпорни локални заедници.

Работни задачи и одговорности:

  • дизајн на краток прирачник со практични мерки и активности и печатење;
  • дизајн и печатење на постери за промотивна кампања.

Спецификација:

  • Печатење на прирачник во колор техника, двострано половина од А4 формат.
  • Печатење на постери со големина А4 формат во колор техника

Потребни документи:

  • Предлог финансиска понуда.

Потребните документи да се достават по е-маил на rkoalicija@gmail.com или пак директно до Рурална Коалиција (ул. Јордан Пиперката бр. 15, Кичево) најдоцна до 10.02.2024 г. Лице за контакт е Мила Стојаноска, моб. 071/317-397

Oглас за ангажирање на 9 волонтери за локални акции, за општините Кичево, Пласница и Македонски Брод

Датум на објава: 15.01.2024 .

Рурална Коалиција во рамките на проектот: “Локални партнерства за локални климатски акции“ кој што е финансиски поддржан во вид на институционален грант во рамките на проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Владата на Шведска, објавува:  Оглас за ангажирање на 9 волонтери за локални акции, за општините Кичево, Пласница и Македонски Брод.

Проектот е дизајниран со цел да придонесе кон општата цел зацртана во истиот, а тоа е:
     -Зајакнување на локалните партнерства и долгорочен развој на локалните чинители во институционалната борба со климатските промени.

Цел на конкретната задача за која што е објавен повикот:
     -Зајакнување на свеста кај граѓаните и мобилизација на заедницата преку преземање на практични мерки и активности за создавање на климатски отпорни локални заедници.

Задачи:

  • Поддршка и помош при спороведување на акции кои што придонесуваат кон креирањето на локални климатски отпорни заедници со вклучување на сите локални чинители во секоја од општините
  • Помагање во планирањето и реализација на локални климатски акции;
  • Мобилизација на локалната заедница, вклучувајќи млади, претставници од бизнис и граѓански сектор, претставници од локалната самоуправа;
  • Организација и обезбедување на учество;
  • Дистрибуција на информативни материјали;
  • Подготовка на извештаи и уредно чување на сите потребни материјали.

Потребни вештини и искуство за теренски истражувачи:

  • Минимум средно образование;
  • Добри комуникациски, презентерски и тимски способности;
  • Достапност за комуникација;
  • Добро познавање на теренот каде што ќе се спроведуваат локалните акции;
  • Поседување на компјутерски вештини;
  • Претходно искуство во граѓански сектор ќе се смета за предност;

Времетраење на ангажман: 5 денови (февруари – март, 2024)

Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија (CV) најдоцна до 10.02 2024 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com или пак лично во просториите на организацијата на ул. Јордан Пиперката бр.15, Кичево.

Повторен јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на Локални Еколошки Акциски планови за општините Кичево, Пласница и Македонски Брод

Датум на објава: 29.09.2023 .

Рурална Коалиција во рамките на проектот: “Локални партнерства за локални климатски акции“ кој што е финансиски поддржан во вид на институционален грант во рамките на проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Владата на Шведска, објавува:

Повторен јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на Локални Еколошки Акциски планови за општините Кичево, Пласница и Македонски Брод.

Изработката на локалните еколошки акциски планови е една од главните активности на проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“, и истата произлегува од потребите на општините Кичево, Пласница и Македонски Брод, но и од нивната законска обрврска која произлегува од Законот за заштита на животната средина. ЛЕАП-от преставува највисок стратешки документ од локално значење за заштита и унапредување на животната средина, кој има за цел да ја оцени моменталната состојба на животната средина во повеќе тематски области, да ги идентификува еколошките проблеми, предложи мерки и активности за нивно неутрализирање и решавање, направи приоритизација за решавање на проблемите, како и имплементација на предложените мерки и активности.

Цел на проектот: Зајакнување на локалните партнерства и долгорочен развој на локалните чинители во институционалната борба со климатските промени.

Целни групи: општините Кичево, Пласница и Македонски Брод.

Цели на проектот:

  1. Зајакнување на капацитетите и знаењата на локалните ГО на темата клима и вклучување во локалните процеси на донесување на одлуки;
  2. Зајакнување на капацитетите и стратешкиот развој на општините во борбата со климатските промени;
  3. Зајакнување на свеста кај граѓаните и мобилизација на заедницата преку преземање на практични мерки и активности за создавање на климатски отпорни локални заедници.

Работни задачи и одговорности на експертот:

  • Проценка на состојбите со животната средина на локално ниво на сите три општини;
  • Одржување на консултативни состаноци со засегнати страни;
  • Изработка на Локални еколошки акциски планови за општините Македонски Брод, Пласница и Кичево во соработка со претставници од локалните самоуправи.

Потребни квалификации:

  • Комплетирано високо образование, (образование од заштита на животната средина, земјоделство, екологија или слично ќе се смета за предност);
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини;
  • Најмалку 3 годишно искуство со подготовка на стратешки документи, анализи и документи за јавни политики.
  • Одлични презентациски и комуникациски вештини;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Потребни документи:

  • Биографија (CV) со детален опис за поле на експертиза;
  • Предлог програма и методологија на работа;
  • Предлог финансиска понуда која што не може да ја надмине сумата од 92.250 денари за сите три ЛЕАП-и.

Времетраење на работниот ангажман:  3 месеци (октомври-декември 2023) или 15 работни денови вкупно.

1.1 Право на учество 

1.1.1. Право на учество имаат сите заинтересирани физички и/или правни лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација.

1.2 Критериуми за избор

1.2.1. Критериум за избор е според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“ (т.н. best value for money-quality ratio).

1.3 Избор на понудувачи

1.3.1. Договорниот орган ќе го избере понудувачот чија понуда нуди најдобар однос помеѓу квалитетот и цената. Вкупниот број на бодови изнесува 100 бода. Квалитетот носи максимални 60 бодови, додека цената носи максимални 40 бодови.

Потребните документи да се достават по е-маил на rkoalicija@gmail.com или пак директно до Рурална Коалиција (ул. Јордан Пиперката бр. 15, Кичево) најдоцна до 09.10.2023 г. Лице за контакт е Лилјана Јоноски, моб. 078/303-735

Огласот може да го погледнете тука.

Рурална коалиција објавува јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на Локални Еколошки Акциски планови за општините Кичево, Пласница и Македонски Брод

Датум на објава: 31.07.2023 .

Рурална Коалиција во рамките на проектот: “Локални партнерства за локални климатски акции“ кој што е финансиски поддржан во вид на институционален грант во рамките на проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Владата на Шведска, објавува јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на Локални Еколошки Акциски планови за општините Кичево, Пласница и Македонски Брод.

Изработката на локалните еколошки акциски планови е една од главните активности на проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“, и истата произлегува од потребите на општините Кичево, Пласница и Македонски Брод, но и од нивната законска обрврска која произлегува од Законот за заштита на животната средина. ЛЕАП-от преставува највисок стратешки документ од локално значење за заштита и унапредување на животната средина, кој има за цел да ја оцени моменталната состојба на животната средина во повеќе тематски области, да ги идентификува еколошките проблеми, предложи мерки и активности за нивно неутрализирање и решавање, направи приоритизација за решавање на проблемите, како и имплементација на предложените мерки и активности. 

Цел на проектот: Зајакнување на локалните партнерства и долгорочен развој на локалните чинители во институционалната борба со климатските промени.

Целни групи: општините Кичево, Пласница и Македонски Брод

Цели на проектот:

  1. Зајакнување на капацитетите и знаењата на локалните ГО на темата клима и вклучување во локалните процеси на донесување на одлуки;
  2. Зајакнување на капацитетите и стратешкиот развој на општините во борбата со климатските промени;
  3. Зајакнување на свеста кај граѓаните и мобилизација на заедницата преку преземање на практични мерки и активности за создавање на климатски отпорни локални заедници.

Работни задачи и одговорности на експертот:

  • Проценка на состојбите со животната средина на локално ниво на сите три општини;
  • Одржување на консултативни состаноци со засегнати страни;
  • Изработка на Локални еколошки акциски планови за општините Македонски Брод, Пласница и Кичево во соработка со претставници од локалните самоуправи

Потребни квалификации:

  • Комплетирано високо образование, (образование од заштита на животната средина, земјоделство, екологија или слично ќе се смета за предност);
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини;
  • Најмалку 3 годишно искуство со подготовка на стратешки документи, анализи и документи за јавни политики.
  • Одлични презентациски и комуникациски вештини;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Потребни документи:

  • Биографија (CV) со детален опис за поле на експертиза;
  • Предлог програма и методологија на работа;
  • Предлог финансиска понуда.

Времетраење на работниот ангажман: 3 месеци (август-ноември 2023) или 15 работни денови вкупно.

1.1. Право на учество

   1.1.1. Право на учество имаат сите заинтересирани физички и/или правни лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација.

1.2. Критериуми за избор

   1.2.1. Критериум за избор е според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“ (т.н. best value for money-quality ratio).

1.3. Избор на понудувачи

   1.3.1. Договорниот орган ќе го избере понудувачот чија понуда нуди најдобар однос помеѓу квалитетот и цената. Вкупниот број на бодови изнесува 100 бода. Квалитетот носи максимални 60 бодови, додека цената носи максимални 40 бодови.

Потребните документи да се достават по е-маил на rkoalicija@gmail.com или пак директно до Рурална Коалиција (ул. Јордан Пиперката бр. 15, Кичево) најдоцна до 20.08.2023 г. Лице за контакт е Лилјана Јоноски, моб. 078/303-735

Огласот може да го погледнете тука.

Рурална коалиција објавува јавен повик за ангажирање на обучувач за спроведување на практична обука со демонстративни мерки на нива/фарма кои што директно придонесуваат во борбата со климатските промени.

Датум на објава: 15.05.2023 .

Рурална Коалиција во рамките на проектот: “Локални партнерства за локални климатски акции“ кој што е финансиски поддржан во вид на институционален грант во рамките на проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Владата на Шведска, објавува јавен повик за ангажирање на обучувач за спроведување на практична обука со демонстративни мерки на нива/фарма кои што директно придонесуваат во борбата со климатските промени. Обуките се дел од предвидените активности на проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“ и истите имаат за цел да ја зајакнат свеста кај граѓаните преку нивна мобилизација и примена на практични мерки и активности за создавање на климатски отпорни локални заедници. Работниот ангажман е пет (5) работни денови.

Работни задачи и одговорности на обучувачот:

  • Да развие курикулум и програма за реализација на обуки;
  • Да изработи соодветна агенда и покана за ученсиците на обуката;
  • Да спроведе практична обука преку демонстративни мерки на нива/фарма на најмалку 30 луѓе;
  • Да изготви краток прирачник со практични мерки и активности;
  • Да изготви краен извештај за спроведената обука.

Потребни квалификации:

  • Високо образование поврзано со областите заштита на животната средина, земјоделство, екологија или слично;
  • Соодветно искуство во спроведување на обуки;
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини.

Потребни документи:

  • Кратка биографија (CV);
  • Предлог програма за реализација на обуката;
  • Предлог финансиска понуда

Потребните документи да се достават по е-маил на rkoalicija@gmail.com или пак директно до Рурална Коалиција (ул. Јордан Пиперката бр. 15, Кичево) најдоцна до 31.05.2023 г. Лице за контакт е Мила Стојаноска, моб. 071/317-397

Огласот може да го погледнете тука.

Рурална коалиција објавува Повик за избор на Експерт за изработка на промотивно видео

Датум на објава: 15.05.2023 .

Рурална коалиција во рамките на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ објавува оглас за избор на Експерт за подготовка и изработка на промотивно видео.

Работни задачи и одговорности за позицијата Експерт за изработка на промотивно видео:

  1. Осмислување на концепт на 1 промотивно видео во времетраење од 3 – 5 минути, во консултација со проектниот тим,
  2. Подготовка, монтажа, комплетирање на промотивно видео во соработка со проектниот тим од Рурална коалиција,
  3. Снимање видео материјали на терен при посета на руралните места од страна на Рурална коалиција и приказни од жените земјоделки,
  4. Подготвување на крајот извештај од изработеното видео и доставување до одговорниот тим од Рурална коалиција.

Потребни вештини и искуство:

  1. Средно или универзитетско образование,
  2. Најмалку 3 годишно искуство и познавање од областа на дизајн, видео продукција, земјоделие, интернет продажба, работа со жени земјоделки,
  3. Искуство во граѓански сектор и снимање на видеа,
  4. Одлично комуникациски и фасилитаторски вештини,
  5. Достапност и флексибилност при извршување на работните задачи.

Времетраење на ангажманот: Јуни 2023 година, промотивното видео треба да биде испорачано најкасно до 20.06.2023 година до тимот на Рурална коалиција.

Заинтересираните субјекти се поканети да достават професионална биографија и финансиска понуда на електронската адреса: rkoalicija@gmail.com најдоцна до 25.05.2023 година.

Огласот може да го погледнете тука.

Рурална коалиција објавува Повик за избор на 8 жени волонтерки во рамките на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“

Датум на објава: 15.05.2023 .

Рурална коалиција во рамките на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ објавува оглас за избор на 8 жени волонтерки од руралните средини од сите 8 плански региони.

Работни задачи и одговорности за позицијата Жени волонтерки од рурални средини:

  1. Учество во пакување и промоција на промотивни земјоделски пакети изработени од жените земјоделки,
  2. Промовирање на можностите и потенцијалите на жените земјоделки за продажба на производи преку интернет и преку платформата „Наша тезга“,
  3. Мотивирање на жените земјоделки да се приклучат кон платформата „Наша тезга“ и придобивките од нивното зачленување,
  4. Десиминација на промотивните пакети кон локалните жени земјоделки, локални граѓански здруженија и институции,
  5. Десиминација на промотивни флаери,
  6. Подготвување на крајот извештај од реализираните активности и доставување до одговорниот тим од Рурална коалиција

Потребни вештини и искуство:

  1. Најмалку средно образование
  2. Искуство во граѓански сектор и мобилизирање на локалната заедница,
  3. Одлично комуникациски и претприемачки вештини,
  4. Подготвеност за теренска работа,
  5. Достапност и флексибилност при извршување на работните задачи.

Времетраење на ангажманот: Јуни 2023 година.

Заинтересираните субјекти се поканети да достават професионална биографија на електронската адреса: rkoalicija@gmail.com најдоцна до 25.05.2023 година.

Напомена: Рурална коалиција ќе избере вкупно 8 жени волонтерки и го задржува правото за избор на повеќе волонтерки од еден плански регион, во случај од еден од регионите да не се пријават соодветни кандидатки.

Огласот може да го погледнете тука.

Рурална коалиција објавува оглас за промоција на сторија и едукативно видео

Датум на објава: 01.03.2023 .

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објавува Јавен повик за изразување на интерес за објава и промоција на изработено едукативно видео и новинарска истражувачка строија на теми поврзани со ЕУ интеграциите, родовата еднаквост и нејзиното практикување во општините. Едукативното видео и истражувачката сторија се изработени во рамки на проектот ,,Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“,  имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Шведска.

Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведска. Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Шведска.

Проектот се имплементира во општините: Кичево, Пласница, Гостивар, Врапчиште, Прилеп и Кривогаштани.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од петнаесет месеци на имплементација и да се осврне на унапредувањето на родовата еднаквост во локалната заедница преку остварување на следниве три резултати:

  • Подобрени знаења и капацитети на локалните грасрут организации, како и жените од руралните средини со цел активно учество во следењето и родовата анализа на програмите на општините како еден од методите за активирање на локалната заедница во процесите на интеграција во ЕУ;
  • Засилено вмрежување и учество на локалните чинители во процесите на интеграција во ЕУ преку застапување до локалните власти за специфичните потреби на мажите и жените во руралните области;
  • Подигната свест и информации кај жените и мажите во руралните средини и локалните основни организации за родовите димензии во процесот на пристапување во ЕУ, како и нивното значење и влијание. 

Опис и цел на повикот

Отворениот повик има цел да се изберат 3 електронски медиуми/портали и/или традиционални медиуми кои што ќе бидат заинтересирани за објава на едукативното видео со маскимална должина од 4 минути и новинарска истражувачка сторија со времетраење од 9 минути. 

Ваквата јавна објава на видеото и сторијата треба да ја зголеми свеста  кај пошироката јавност и во руралните средини за интеграцијата во ЕУ, партиципативната демократија и родовата компонента во овие процеси. Видеото и сторијата ќе се дистрибуираат и преку социјалните мрежи со цел да се дистрибуира до поголем број рурални жители (мажи, жени, млади).

Делокруг на задачата

  • Објава на едукативното видео и новинарската истражувачка сторија на електронскиот портал или ТВ медиум со целосна должина, логоа и текст;
  • Објавата на промотивните видеа треба да трае до 31-ви мај 2023 година;
  • Спроведување на правилата за видливост на донаторот во соработка со проектниот тим.

Надомест

Вкупиот надомест за извршените услуги не треба да ја надминува сумата од 100 (сто) евра во денарска противредност.

Изразување на интерес

Изразувањето на интерес се врши со испраќање на потврдна порака на електронската адреса rkoalicija@gmail.com најдоцна до 30-ти април 2023 година. Во пораката треба да се наведе електронскиот портал или ТВ каде што ќе бидат објавени  промотивните видеа.

Огласот може да го погледнете тука.

Рурална коалиција објавува оглас за избор на ИТ експерт/компанија за надградба на електронската платформа "Наша тезга"

Датум на објава: 28.02.2023 .

Рурална коалиција во рамките на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ објавува оглас за избор на Ангажман на ИТ експерт/компанија за надградба на платформата и воведување на онлајн плаќање и нарачки.

Главна цел на проектот е унапредување на социо-економската положба на жените од руралните средини од сите 8 плански региони на територија на Република Северна Македонија. Целни групи на проектот се: Жени од рурални средини од сите 8 плански региони, локални самоуправи, бизнис сектор, граѓански здруженија.

Специфични цели на проектот: 

  • Зајакнување на капацитетите и бизнис ориентацијата на социјалното претпријатие „Наша тезга“,
  • Зголемување на конкурентноста на земјоделските производи и преработки преку унапредување на технолошките процеси и маркетинг на производите преку платформата „Наша тезга“,
  • Зголемување на промоцијата на „Наша тезга“ преку развој, градење на меѓусекторските партнерства и унапредување на соработката помеѓу локалните чинители,
  • Формирање на социјално претпријатие „Наша тезга“.

Работни задачи и одговорности за позицијата ИТ експерт/компанија за надградба на платформата и воведување на онлајн плаќање (доколку за тоа има доволно средства и процесот дозволува да биде завршен до јули 2023 година) и нарачки:

  1. Надградба на електронска платформа „Наша Тезга“,
  2. Редизајнирање на веб страната „Наша Тезга“,
  3. Административно – техничко подесување на веб страната „Наша Тезга“
  4. Ревидирање на постоечката веб страна и воведување на нови секции,
  5. Воведување на онлајн систем на плаќање на веб страната „Наша Тезга“ доколку тоа го дозволува процесот
  6. Редовни координативни состаноци со проектниот тим од Рурална коалиција.

Потребни вештини и искуство:

  1. Универзитетско образование,
  2. Најмалку 3 годишно искуство и познавање и работа со ИТ платформи,
  3. Икуство на работа со социјални претпријатија,
  4. Искуство со работа во граѓански сектор,
  5. Одлични комуникациски вештини,
  6. Достапност и флексибилност при извршување на работните задачи.

Времетраење на ангажманот: Март 2023 – Мај 2023 година.

Заинтересираните субјекти (физички и правни лица) се поканети да достават професионална биографија и финансиска понуда на електронската адреса: rkoalicija@gmail.com најдоцна до 12.03.2023 година.

Проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ го спроведува Рурална коалиција, како дел од активностите од проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никого зад себе“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, финансиран од Европската Комисија.

Огласот може да го погледнете на овој линк, а финансиската понуда на следниот линк.

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на локални теренски истражувачи

Датум на објава: 28.02.2023 .

Рурална Коалиција во рамките на проектот: “Локални партнерства за локални климатски акции“ кој што е финансиски поддржан од Владата на Шведска, објавува оглас за ангажирање на теренски истражувачи кои што треба да ги мапираат приоритетите и капацитетите на локалните чинители во делувањето и одговорот кон климатската криза.

Проектот е дизајниран со цел да придонесе кон општата цел зацртана во истиот, а тоа е: 

Зајакнување на локалните партнерства и долгорочен развој на локалните чинители во институционалната борба со климатските промени. 

Зајакнување на капацитетите и знаењата на локалните ГО на темата клима и вклучување во локалните процеси на донесување на одлуки, како и зајакнување на капацитетите и стратешкиот развој на општините во борбата со климатските промени и подигнување на свеста кај граѓаните и мобилизација на заедницата преку преземање на практични мерки и активности за создавање на климатски отпорни локални заедници се специфичните цели на проектот, кои што ќе се остварат преку постигнување на следните резултати:

  • Изработени еколошки акциски планови за трите општини, Кичево, Пласница и Македонски Брод.
  • Зајакнати знаења и капацитети на локалните ГО и останатите чинители на теми кои што се директно поврзани со климата и климатската акција на локално ниво;
  • Зајакнување на свеста кај локалното население за преземање на мали реални климатски акции;
  • Имплементација на минимум една мерка од изготвените локални еколошки планови.

Цел на конкретната задача за која што е објавен повикот:

Спроведување на теренско истражување и мапирање на приоритетите и капацитетите на локалните чинители во делувањето и одговорот кон климатската криза.

Задачи:

  • Мапирање на 300 испитаници вклучени во истражувањето (локални ГО, институции, училишта, градинки, бизнис сектор, општини)
  • Мапирани приоритети и капацитети за преземање климатска акција во локалните заедници на општините Кичево, Македонски Брод и Пласница.
  • Пополнување на прашалници за потребите на истражувањето.
  • Подготовка на извештај за текот на спроведеното истражување

Потребни вештини и искуство за теренски истражувачи

  • Минимум средно образование
  • Добри комуникациски, презентерски и тимски способности
  • Достапност за комуникација
  • Добро познавање на теренот каде што ќе се спроведува истражувањето
  • Поседување на компјутерски вештини
  • Способност за работа на терен
  • Претходно искуство во истражувања и познавање на работење на ГО ќе се смета за предност

Времетраење на ангажман: 1 месец (март-април 2023)

Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија (CV) најдоцна до 12-ти март 2023 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com или пак лично во просториите на организацијата на ул. Јордан Пиперката бр.15, Кичево.

Огласот може да го погледнете тука.

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објавува Јавен повик за ангажирање на едно лице Консултант за изработка на 6 иницијативи(документи за јавна политика) во рамки на проектот "Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница", имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор - Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата "Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ".

Датум на објава: 16.01.2023 .

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објавува јавен повик за ангажирање на едно лице Консултант за изработка на 6 иницијативи(документи за јавна политика) во рамки на проектот “Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница”, имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата “Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”.

Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Шведска.

Проектот се имплементира во општините: Кичево, Пласница, Гостивар, Врапчиште, Прилеп и Кривогаштани.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од петнаесет месеци на имплементација и да се осврне на основната грижа преку остварување на следниве три резултати:

  • Подобрени знаења и капацитети на локалните грасрут организации, како и жените од руралните средини со цел активно учество во следењето и родовата анализа на програмите на општините како еден од методите за активирање на локалната заедница во процесите на интеграција во ЕУ;
  • Засилено вмрежување и учество на локалните чинители во процесите на интеграција во ЕУ преку застапување до локалните власти за специфичните потреби на мажите и жените во руралните области;
  • Подигната свест и информации кај жените и мажите во руралните средини и локалните основни организации за родовите димензии во процесот на пристапување во ЕУ, како и нивното значење и влијание. 

Вака поставениите резултати директно придонесуваат  кон остварувањето на целта поставена во рамките на проектот да се подобри вклученоста на локалната заедница во процесите на интегрција во ЕУ преку унапредување на процесите на партиципативно и креирање на родово сензитивни политики, а со цел да се постигне напредок преку зајакнати капацитети и знаење на локалните чинители за процесот на интеграција во ЕУ, родова анализа и мониторинг, зајакнато локално вмрежување на локалните граѓански организации и други засегнати страни во родово сензитивните процеси на интеграција во ЕУ и подобрена интеракција и отчетност на општините за процесите на интеграција во ЕУ и креирање на родово сензитивни политики, како и подигната јавна свест на руралното население и поголема информираност на истите.          

Цел на задача:

   – Менторство и учество во подготовка и дисиминација на 6 иницијативи за застапување (документи за јавни политики);

   – Најмалку 6 изработени и поднесени заеднички иницијативи до локалните власти вклучени во активностите на проектот.

Делокругот на работа и очекувани резултати:

   – Консултантот ќе биде ангажиран во текот на месец февруари-март 2023 година, а ќе се исплати на база на доставени резултати.

Задачи: 

   – Активна комуникација со потенцијални партнери од општинскиот сектор

   – Координација со потенцијалните партнерите од општинскиот сектор со цел навремено извршување на предвидените активности 

   – Организирање средби со релевантни претставници и потенцијални корисници од КЕМ, локалните власти и Руралното женско лоби 

   – Идентификување и вклучување на претставници од локалните здруженија и членки на Руралното Женско Лоби за кокреирање на документ за јавни политики односно иницијативи

   – Менторство и активно учество во изработката на документите за јавни политики

   – Поддршка во дисеминација на резултатите од проектот до релевантни претставници од општините

   – Соработка со Руралното женско лоби и проектниот тим

   – Следење на работата на Комисијата за еднакви можности во 6-те општини

   – Подготовка на извештај за сработена работа

Сопственост:

   – Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Рурална Коалиција. Консултантот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Рурална Коалиција.  

Надомест:

    – Надоместокот  за извршените услуги на експертот изнесува 400 евра бруто сума по завршениот консултантски ангажман.

Времетраење на ангажман:

  – февруари-март 2023 година

Процедура за аплицирање и потребни критериуми за бараната позиција:

Кандидатите треба да се правни лица кои што имаат искуство во изработката на мултимедијални содржини. Истите треба да достават портфолио на правното лице и финансиска понуда најдоцна до 27 јануари 2023 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com или пак во просториите на канцеларијата на Рурална Коалиција на ул. Јордан Пиперката бр. 15, Кичево.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана. 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за понатамошна процедура за избор на кандидат.

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објавува Јавен повик за изработка на видео истражувачка сторија во рамки на проектот "Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница", имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор - Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата "Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ".

Датум на објава: 16.01.2023 .

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објавува јавен повик за изработка на видео истражувачка сторија рамки на проектот “Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница”, имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата “Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”.

Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европска Унија, ко-финансирана од Шведска. Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европска Унија или Шведска.

Проектот се имплементира во општините: Кичево, Пласница, Гостивар, Врапчиште, Прилеп и Кривогаштани.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од петнаесет месеци на имплементација и да се осврне на основната грижа преку остварување на следниве три резултати:

  • Подобрени знаења и капацитети на локалните грасрут организации, како и жените од руралните средини со цел активно учество во следењето и родовата анализа на програмите на општините како еден од методите за активирање на локалната заедница во процесите на интеграција во ЕУ;
  • Засилено вмрежување и учество на локалните чинители во процесите на интеграција во ЕУ преку застапување до локалните власти за специфичните потреби на мажите и жените во руралните области;
  • Подигната свест и информации кај жените и мажите во руралните средини и локалните основни организации за родовите димензии во процесот на пристапување во ЕУ, како и нивното значење и влијание. 

Вака поставениите резултати директно придонесуваат  кон остварувањето на целта поставена во рамките на проектот да се подобри вклученоста на локалната заедница во процесите на интегрција во ЕУ преку унапредување на процесите на партиципативно и креирање на родово сензитивни политики, а со цел да се постигне напредок преку зајакнати капацитети и знаење на локалните чинители за процесот на интеграција во ЕУ, родова анализа и мониторинг, зајакнато локално вмрежување на локалните граѓански организации и други засегнати страни во родово сензитивните процеси на интеграција во ЕУ и подобрена интеракција и отчетност на општините за процесите на интеграција во ЕУ и креирање на родово сензитивни политики, како и подигната јавна свест на руралното население и поголема информираност на истите.          

Цел на задача:

   – Изработка на информативно и едукативно видео адаптирано на разбирлив јазик за потребата од еднаков третман на потребите на мажите и жените во руралните средини и поврзаноста на родовата еднаквост со интегративните процеси во ЕУ што треба да ја зголеми свеста во руралните средини за интеграцијата во ЕУ, партиципативната демократија и родовата компонента во овие процеси. Видеото ќе се дистрибуира и преку социјалните мрежи, но ќе се направат напори ова видео да влезе во делот на кампањата и на националните и локалните ТВ медиуми и портали со цел да се дистрибуира до поголем број рурални жители (мажи, жени, млади). 

Задачи: 

   – Да се изработи видео на темата за ЕУ интергративните процеси и родовата еднаквост на локално ниво, како и за потребата од вклучување на жените во локалните самоуправи во процесите на донесување на одлуки.

Сопственост:

   – Видеото кое ќе произлезе од ангажманот ќе останат во сопственост на Рурална Коалиција. 

Времетраење на ангажман:

  – февруари-март 2023 година, а должината на видеото ќе се одреди во координација со проектниот тим од 2 минути максимум во целосна HD резолуција, погодна за споделување и на социјалните медиуми.

Кандидатите треба да се правни лица кои што имаат искуство во изработката на мултимедијални содржини. Истите треба да достават портфолио на правното лице и финансиска понуда најдоцна до 27 јануари 2023 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com или пак во просториите на канцеларијата на Рурална Коалиција на ул. Јордан Пиперката бр. 15, Кичево.

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објавува јавен повик за изработка на едно едукативно видео во рамки на проектот "Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница", имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор - Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата "Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ".

Датум на објава: 16.01.2023 .

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објавува јавен повик за изработка на едно едукативно видео во рамки на проектот “Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница”, имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата “Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”.

Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европска Унија, ко-финансирана од Шведска. Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европска Унија или Шведска.

Проектот се имплементира во општините: Кичево, Пласница, Гостивар, Врапчиште, Прилеп и Кривогаштани.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од петнаесет месеци на имплементација и да се осврне на основната грижа преку остварување на следниве три резултати:

  • Подобрени знаења и капацитети на локалните грасрут организации, како и жените од руралните средини со цел активно учество во следењето и родовата анализа на програмите на општините како еден од методите за активирање на локалната заедница во процесите на интеграција во ЕУ;
  • Засилено вмрежување и учество на локалните чинители во процесите на интеграција во ЕУ преку застапување до локалните власти за специфичните потреби на мажите и жените во руралните области;
  • Подигната свест и информации кај жените и мажите во руралните средини и локалните основни организации за родовите димензии во процесот на пристапување во ЕУ, како и нивното значење и влијание. 

Вака поставениите резултати директно придонесуваат  кон остварувањето на целта поставена во рамките на проектот да се подобри вклученоста на локалната заедница во процесите на интегрција во ЕУ преку унапредување на процесите на партиципативно и креирање на родово сензитивни политики, а со цел да се постигне напредок преку зајакнати капацитети и знаење на локалните чинители за процесот на интеграција во ЕУ, родова анализа и мониторинг, зајакнато локално вмрежување на локалните граѓански организации и други засегнати страни во родово сензитивните процеси на интеграција во ЕУ и подобрена интеракција и отчетност на општините за процесите на интеграција во ЕУ и креирање на родово сензитивни политики, како и подигната јавна свест на руралното население и поголема информираност на истите.          

Цел на задача:

  – Изработка на информативно и едукативно видео адаптирано на разбирлив јазик за потребата од еднаков третман на потребите на мажите и жените во руралните средини и поврзаноста на родовата еднаквост со интегративните процеси во ЕУ што треба да ја зголеми свеста во руралните средини за интеграцијата во ЕУ, партиципативната демократија и родовата компонента во овие процеси. Видеото ќе се дистрибуира и преку социјалните мрежи, но ќе се направат напори ова видео да влезе во делот на кампањата и на националните и локалните ТВ медиуми и портали со цел да се дистрибуира до поголем број рурални жители (мажи, жени, млади). 

Задачи: 

   – Да се изработи видео на темата за ЕУ интергративните процеси и родовата еднаквост на локално ниво, како и за потребата од вклучување на жените во локалните самоуправи во процесите на донесување на одлуки.

Сопственост:

   – Видеото кое ќе произлезе од ангажманот ќе останат во сопственост на Рурална Коалиција. 

Времетраење на ангажман:

  – февруари-март 2023 година, а должината на видеото ќе се одреди во координација со проектниот тим од 2 минути максимум во целосна HD резолуција, погодна за споделување и на социјалните медиуми.

Кандидатите треба да се правни лица кои што имаат искуство во изработката на мултимедијални содржини. Истите треба да достават портфолио на правното лице и финансиска понуда најдоцна до 27 јануари 2023 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com или пак во просториите на канцеларијата на Рурална Коалиција на ул. Јордан Пиперката бр. 15, Кичево.

Рурална коалиција објавува оглас за избор на Експерт за изработка на бизнис план на социјалното претпријатие „Наша тезга“

Датум на објава: 16.01.2023 .

Рурална коалиција во рамките на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ објавува оглас за избор на Експерт за изработка на стратегија за финансиска одржливост на социјалното претпријатие „Наша тезга“. 

Главна цел на проектот е унапредување на социо-економската положба на жените од руралните средини од сите 8 плански региони на територија на Република Северна Македонија. Целни групи на проектот се: Жени од рурални средини од сите 8 плански региони, локални самоуправи, бизнис сектор, граѓански здруженија.

Специфични цели на проектот: 

  1. Зајакнување на капацитетите и бизнис ориентацијата на социјалното претпријатие „Наша тезга“,
  2. Зголемување на конкурентноста на земјоделските производи и преработки преку унапредување на технолошките процеси и маркетинг на производите преку платформата „Наша тезга“,
  3. Зголемување на промоцијата на „Наша тезга“ преку развој, градење на меѓусекторските партнерства и унапредување на соработката помеѓу локалните чинители,
  4. Формирање на социјално претпријатие „Наша тезга“.

Работни задачи и одговорности за позицијата „Експерт за изработка на бизнис план за Наша Тезга:

  • Изработка на бизнис план за одржливост на социјалното претпријатие „Наша тезга“,
  • Партиципативни консултации со жените земјоделки, досегашни корисници на „Наша тезга“, засегнати страни, активни чинители,
  • Редовни координативни состаноци со проектниот тим од Рурална коалиција
  • Подготовка на финален бизнис план, вклучително со заклучоци и препораки за одржливост на социјалното претпријатие „Наша тезга“.
  •  

Потребни вештини и искуство:

  1. Универзитетско образование,
  2. Најмалку 3 годишно искуство и познавање од областа подготовка на бизнис планови во областа земјоделие, интернет продажба и дигитални вештини,
  3. Икуство на работа со социјални претпријатија,
  4. Искуство со работа во граѓански сектор и локалната заедница,
  5. Одлични комуникациски вештини,
  6. Достапност и флексибилност при извршување на работните задачи.

Времетраење на ангажманот: Јануари 2023 – Февруари 2023 година

Заинтересираните субјекти се поканети да достават професионална биографија и финансиска понуда на електронската адреса: rkoalicija@gmail.com најдоцна до 27.01.2023 година.

Финансиска понуда

Рурална коалиција објавува оглас за избор на Експерт за изработка на стратегија за финансиска одржливост на социјалното претпријатие „Наша тезга“

Датум на објава: 16.01.2023 .

Рурална коалиција во рамките на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ објавува оглас за избор на Експерт за изработка на стратегија за финансиска одржливост на социјалното претпријатие „Наша тезга“. 

Главна цел на проектот е унапредување на социо-економската положба на жените од руралните средини од сите 8 плански региони на територија на Република Северна Македонија. Целни групи на проектот се: Жени од рурални средини од сите 8 плански региони, локални самоуправи, бизнис сектор, граѓански здруженија.

Специфични цели на проектот: 

  1. Зајакнување на капацитетите и бизнис ориентацијата на социјалното претпријатие „Наша тезга“,
  2. Зголемување на конкурентноста на земјоделските производи и преработки преку унапредување на технолошките процеси и маркетинг на производите преку платформата „Наша тезга“,
  3. Зголемување на промоцијата на „Наша тезга“ преку развој, градење на меѓусекторските партнерства и унапредување на соработката помеѓу локалните чинители,
  4. Формирање на социјално претпријатие „Наша тезга“.

Работни задачи и одговорности за позицијата „Експерт за изработка на стратегија за финансиска одржливост на социјалното претпријатие „Наша тезга“:

  • Изработка на сеопфатна стратегија за финансиска одржливост на социјалното претпријатие „Наша тезга“ за период од 3 години,
  • Меѓусекторски консултации со сегашни корисници на „Наша тезга“, со жените земјоделки, локални институции, здруженија на граѓани и други засегнати страни,
  • Редовни координативни состаноци со проектниот тим од Рурална коалиција
  • Подготовка на финална стратегија за финансиска одржливост вклучително со заклучоци и препораки за одржливост на социјалното претпријатие „Наша тезга“.

Потребни вештини и искуство:

  1. Универзитетско образование,
  2. Најмалку 3 годишно искуство и познавање од областа подготовка на стратегија за финансиска одржливост во областа земјоделие, 
  3. Икуство на работа со социјални претпријатија,
  4. Искуство со работа во граѓански сектор и локалната заедница,
  5. Одлични комуникациски вештини,
  6. Достапност и флексибилност при извршување на работните задачи.

Времетраење на ангажманот: Јануари 2023 – Февруари 2023 година

Заинтересираните субјекти се поканети да достават професионална биографија и финансиска понуда на електронската адреса: rkoalicija@gmail.com најдоцна до 27.01.2023 година.

Финансиска понуда 

Рурална Коалициjа обjавува покана за учество на јавен повик 3/ПОМ/2022/РК за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на младински и граѓански активизам, вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки, рурален развој (финансиска поддршка, иновативни практики, модели) и нејзино спроведување

Датум на објава: 10.11.2022 .

Рурална Коалиција ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на младински и граѓански активизам, вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки (младински иницијативи), како и разработување на руралниот развој и можностите за финансиска поддршка на младите во земјоделството и руралниот развој. Освен креирањето на програмата заинтересираните физички лица кои што ќе ја креираат програмата ќе бидат задолжени и за нејзина имплементација. Предложените теми за обуките се согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на проектот „Потпри се на младите“ за потребите на младите од руралните средини во Пелагонискиот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот плански регион. По изготвување на програмата за обуката, понудувачот треба да спроведе 3 еднодневни обуки организирани во координација со проектниот тим.

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација, односно:

  1. Универзитетско образование
  2. Генерално професионално искуство
  3. Минимум три (3) години искуство во креирање на програми за обука и/или држење на обуки и работилници;
  4. Специфично професионално искуство:
  5. Минимум три (3) спроведени обуки од област слична на наведената (предност ќе имаат понудувачите кои имаат искуство со испорака на обуки во делот на младински иницијативи и младински активизам, рурален развој, вклучување на млади во процеси на донесување на одлуки и сл.);

Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот аутпут е декември 2022 – јануари 2023 г.

Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана. (Прилог 1).

Понудите се поднесуваат по електронски пат со назнака: „За повик бр. 03/ПОМ/2022/РК“ на rkoalicija@gmail.com . 

Тендерската постапка се спроведува во рамки на проектот „Потпри се на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.

Прочитај повеќе

Рурална Коалициjа обjавува оглас за ангажирање на програмски соработник коj што ќе се вклучи во редовните проектни и програмски активности на организациjата и ќе придонесе кон достигнување на стратешките цели кои што организациjата ги има зацртано и активно ќе придонесува кон унапредување на секторот земjоделство и рурален развоj.

Програмскиот соработник потребно е да има:

  • Средно или универзитетско образование
  • Основно познавање на сите аспекти на проектното работење и проектниот циклус
  • Искуство во работењето со граѓански организации и на проекти од областа на земjоделството и руралниот развоj ќе се смета за предност;
  • Познавања на состоjбите во земjоделството и руралниот развоj;
  • Основни познавања на ЕУ интеграцискиот процес
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Професионална етика, посветеност, компетитивност
  • Активен придонес кон организацискиот развоj и мобилизација на заедницата.

Програмскиот соработник ќе има за задача:

  1. да се вклучува во реализациjата на тековните активности на организациjата во блиска соработка со менаџмент тимот на организациjата и проектните тимови на различните проекти;
  2. да обезбедува техничка и логистичка поддршка при организирање на jавни настани, обуки, работилници итн.;
  3. вклучување со свои идеи и предлози во изработката на нови проекти и развивање на проектни и програмски концепти на организациjата;
  4. вклучување и присуство на теренски активности и комуникациjата со локалните здружениjа-партнери на Коалициjата;
  5. чести посети на семинари, работилници, инфо сесии од интерес за Рурална Коалициjа кои што се организираат во Скопjе или други градови низ државата од различни донатори и партнери;
  6. промоциjа на организациjата и целите на неjзиното работење;
  7. истражувања, учество во градењето на ставови на организациjата во секторот
    земjоделство и рурален развоj;
  8. редовно известување и комуникациjа со менаџмент тимот на Коалициjата.

Заинтересираните кандидати треба да испратат мотивационо писмо и професионална биографиjа (CV) на следната електронска адреса:
rkoalicija@gmail.com наjдоцна до 20 ноември 2022 до 17:00 часот.

Рурална Коалиција објавува оглас за избор на Ментор за 5 онлајн сесии со жени земјоделки

Датум на објава: 07.11.2022 .

Рурална коалиција во рамките на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ објавува оглас за избор за Ментор за сесии со жени земјоделки.

Опис на менторските сесии:

Менторските сесии со жените земјоделки ќе се реализираат онлине во период од ноември 2022 година до јануари 2023 година. Ќе се реализираат вкупно 5 менторски сесии. Менторските сесии ќе бидат насочени кон мобилизирање на жените земјоделки, промоција на платформата „Наша тезга“, управување со профилот, пребарување и добивање на информации преку платформата и преку интернет, вклучувајќи и продажба преку интернет за жените членки на „Наша тезга“.

Работни задачи и одговорности за позицијата „Ментор за онлине сесии со жени земјоделки“:

  1. Организирање и водење на 5 онлине сесии со жени земјоделки, во претходна координација и согласност со проектниот тим и Рурална коалиција,
  2. Координирање на 5 онлине сесии со жени земјоделки,
  3. Промовирање на можностите и потенцијалите на жените земјоделки за продажба на производи преку интернет и преку платформата „Наша тезга“,
  4. Мотивирање на жените земјоделки да се приклучат кон платформата „Наша тезга“ и придобивките од нивното зачленување,
  5. Зајакнување на дигиталните и претприемачките вештини на жените земјоделки за продажба на своите производи преку интернет,
  6. Подготвување на крајот извештај од секоја менторска сесија и доставување до одговорниот тим од Рурална коалиција,
  7. Подготовка на финален извештај од 5-те менториски сесии, вклучително и заклучоци и препораки.

Потребни вештини и искуство:

  1. Универзитетско образование,
  2. Најмалку 3 годишно искуство и познавање од областа на земјоделие, интернет продажба, работа со жени земјоделки,
  3. Искуство во граѓански сектор и мобилизирање на локалната заедница,
  4. Одлично комуникациски и фасилитаторски вештини,
  5. Достапност и флексибилност при извршување на работните задачи.

Времетраење на ангажманот: Ноември 2022 – јануари 2023 година.

Заинтересираните субјекти се поканети да достават професионална биографиjа и писмо за мотивација на електронската адреса: rkoalicija@gmail.com најдоцна до 20.11.2022 година.

Проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ го спроведува Рурална коалиција, како дел од активностите од проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никого зад себе“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, финансиран од Европската Комисија.

Рурална Коалиција ги повикува жените од руралните средини да пристапат кон Руралното женско лоби и да ја потпишат заедничката декларација

Датум на објава: 23.10.2022 .

Почитувани жени од руралните средини,

Рурална Коалиција, токму на Меѓународниот ден на руралната жена, 15-ти октомври ги повикува сите жени од руралните средини да се приклучат кон Декларацијата за заедничко и отворено делување за родова еднаквост и рамноправност која што ќе биде видлива и која што ќе се практикува во секое село, во секое населено место, на секоја педа од територијата на Репбулика Северна Македонија.

Рурална Коалиција, а и жените од руралните средини кои што ја поттикнаа иницијативата за формирање на Руралното Женско Лоби Ве повикуваат да се приклучите кон оваа декларција и заеднички да се надминуваат сите предизвици кои што стојат исправени пред жените од руралните средини затоа што силата и моќта е токму во заедничкото делување и работа!

Руралното женско лоби ќе работи отворено со сите локални и национални чинители на унапредување на родовата еднаквост, нејзино практикување, но и ќе биде тело каде што жените ќе ја практикуваат својата моќ на одлучување, а понатаму истата таа моќ ќе ја пренесуваат и во органите на државната управа, институциите, локалните власти, советите… Ќе се јакнат капацитетите на членките на Руралното Женско Лоби за заедничко делување, заедничко учење, но и размена на искуства и знаења на национално, но и на регионално ниво. Руралното Женско Лоби ќе ги обедини сите локални лидерки во заедницата и ќе им го даде гласот кој што им е потребен за да ја кажат својата одлука, својата потреба, своето знаење, но и да ја покажат својата УЛОГА во општеството.

Активирањето на Руралното Женско Лоби е поддржано и во рамките на проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“, а Република Северна Македонија како земја која што претендира за членство во Европската Унија, Република Северна Македонија треба да се прилагоди кон европските документи и регулативи што пак всушност подразбира еднакво учество на мажите и жените во сите сфери од општественото живеење, вклучувајќи и распределба на моќта во одлучувањето.

За да го искажете Вашиот интерес за вклучување во Руралното Женско Лоби треба да ја прочитате декларацијата и истата да ја потпишете, а потпишаниот примерок да ни го дадете лично во просториите на канцеларијата на Рурална Коалиција, да ни го испратите по пошта или пак да ни го испратите скениран по електронска пошта на следната адреса: rkoalicija@gmail.com 

Декларацијата е достапна на следниот линк

Рурална коалиција објавува покана за учество на дополнителен јавен повик 2/ПОМ/2022/РК за набавка на услуга за спроведување на теренско истражување (анкета)

Датум на објава: 25.05.2022 .

Рурална Коалиција ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во тендерска постапка за набавка на: услуга за спроведување на теренско истражување (анкета). Избраните теренски истражувачи треба да спроведат интервјуа со вкупно 70 испитаници од руралните општини од Пелагониски и Југозападен плански регион односно еден избран теренски истражувач треба да спроведе интервјуа со 35 испитаници во регионот за кој истиот е ангажиран. Се очекува да се ангажираат вкупно 2 теренски истражувачи за регионите за кои што немаше доволно пријавени кандидати на првиот повик.

Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана.

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација односно да имаат минимум завршено средно образование.

Како критериуми за оценка на квалитетот на понудата покрај горенаведениот минимум услов ќе бидат земени предвид и следните критериуми: место на живеење во планскиот регион каде што ќе бидат ангажирани, способност за работа на терен и поседување на комуникациски вештини, како и минимум компјутерски вештини.

Сите заинтересирани физички лица треба да достават:

  • Професионална биографија (CV) и
  • Финансиска понуда (образецот е даден во Прилог 2 на тендерската документација).

Рокот за доставување на понудите е 06.06.2022 година до 17 часот. Понудите се поднесуваат по електронски пат на следната е-маил адреса rkoalicija@gmail.com, со назнака: „За дополнителен повик бр. 02/ПОМ/2022/РК ”.

Огласот може да го најдете тука.

The U.S. Embassy in Skopje and the Rural Coalition have partnered to implement the 2022 Academy for Women Entrepreneurs (AWE), a U.S. Government initiative that supports women entrepreneurs around the world

Day of publication: 09.05.2022 .

The U.S. Embassy in Skopje and the Rural Coalition have partnered to implement the 2022 Academy for Women Entrepreneurs (AWE), a U.S. Government initiative that supports women entrepreneurs around the world.

25 participants will be selected from North Macedonia for the 2022 cohort.

As part of this highly competitive entrepreneurship program, participants who graduate from the AWE gain automatic membership to the U.S. government exchange alumni community, providing access to a vast network of like-minded and highly regarded professionals across the country.

Women’s meaningful economic participation is integral to achieving greater security and stability around the world. The AWE initiative is a great opportunity for the Macedonian women entrepreneurs to gain university-level business and management training, strengthen their networks, and grow sustainable businesses.

The intensive program is scheduled to run from June to September 2022, during which the participants will receive support from facilitators.  In addition, participants will receive access to DreamBuilder, a blended business training course developed through a partnership between Arizona State University’s Thunderbird School of Global Management and global copper mining company Freeport-McMoRan.

Female entrepreneurs interested in participating in the AWE program can apply at no cost by filling out the application form which is available on the link.

The basic criteria for applying to this program are:

  • Women between 21 and 35 years of age and fluent in English.
  • Applicants must either have a feasible business idea or have been in business for no more than 2 years.

Women intrested for the Academy apply by fulfilling the application and 1 page description of their business idea.

DEADLINE:  May 22,  2022

The application form fulfilled as well as business idea should be delivered by e-mail to the following address: rkoalicija@gmail.com

For more information visit Academy for Women Entrepreneurs | Bureau of Educational and Cultural Affairs (state.gov).

Амбасадата на САД во Скопје и Руралната Коалиција преку партнерска соработка ќе ја имплементираат Академијата за жени претприемачи (AWE 2022), иницијатива на Владата на САД која ги поддржува жените претприемачи ширум светот.

датум на објава: 09.05.2022 година.

Амбасадата на САД во Скопје и Руралната Коалиција преку партнерска соработка ќе ја имплементираат Академијата за жени претприемачи (AWE 2022), иницијатива на Владата на САД која ги поддржува жените претприемачи ширум светот.

25 учеснички ќе бидат избрани од Северна Македонија и ќе станат дел од Академијата во 2022 година.

Како дел од оваа високо конкурентна програма за претприемништво, учесничките кои што ќе дипломираат на AWE добиваат автоматско членство во заедницата на алумни за размена на Владата на САД, обезбедувајќи пристап до огромна мрежа на истомисленици и високо ценети професионалци низ целата земја.

Значајното економско учество на жените е составен дел за постигнување поголема безбедност и стабилност ширум светот. Иницијативата AWE е одлична можност за македонските жени претприемачки да добијат обука за бизнис и менаџмент на универзитетско ниво, да ги зајакнат своите мрежи и да развијат одржливи бизниси.

Интензивната програма е предвидено да трае од јуни до септември 2022 година, при што учесниците ќе добијат поддршка од фасилитатори. Дополнително, учесниците ќе добијат пристап до DreamBuilder, комбиниран курс за обука за бизнис развиен преку партнерство помеѓу Thunderbird школата за глобален менаџмент на Државниот универзитет во Аризона и глобалната компанија за ископување бакар Freeport-McMoRan.

Жените претприемачки заинтересирани за учество во програмата AWE можат да аплицираат без трошоци со пополнување на формуларот апликација. Формуларот за аплицирање е достапен тука.

Основните критериуми кои што треба да ги исполнат жените се:

  • Жени на возраст од 21 до 35 години и течно да зборуваат англиски.
  • Апликантките мора или да имаат изводлива бизнис идеја или да имаат веќе
    развиен бизнис, но не повеќе од 2 години.

Жените претприемачки заинтересирани за посета на Академијата аплицираат со пополување на апликацијата и доставување на 1 страна опис на бизнис идејата.

РОК за аплицирање: 22 мај 2022 година.

Пополнетата апликација и бизнис идејата се доставуваат на следната е-маил адреса: rkoalicija@gmail.com

За повеќе информации посетете ја Академијата за жени претприемачи | Биро за образование и култура 

Рурална коалиција објавува покана за учество на јавен повик за достава на понуди бр. 01/ПОМ/2022/РК за консултантскa услугa

датум на објава: 03.05.2022 година.

Рурална коалиција ги поканува сите заинтересирани правни лица да учествуваат во тендерска постапка за набавка на: консултантскa услуга за подготовка за спроведување на теренско истражување, интервјуа и анализа во рамките на проектните активности. Избраниот понудувач треба да подготви достави прашалник и водич за истражување, да изврши подготовка на теренски истражуважи/анкетари за теренско истражување и да спроведе интервјуа со клучните засегнати страни како што се општините, приватниот бизнис сектор итн., да изврши внесување и обработка на добиените податоци; да подготви и достави анализа на мапираните проблеми и решенија. Целта е идентификација на младинските проблеми во руралните подрачја.

Право на учество имаат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација.

Тендерската документација е во прилог на оваа покана и вклучува:

  • Инструкции за понудувачите
  • Прилог 1. Опис на надлежностите
  • Прилог 2. Листа на доверливи информации(образец)
  • Прилог 3. Изјава за назависна понуда(образец)
  • Прилог 4. Преглед на реализирани проекти/услуги(образец)
  • Прилог 5. Организација и методологија за обезбедување на очекуваните услуги(образец)
  • Прилог 6. Финансиска понуда(образец)

Заинтересираните понудувачи во својата понуда, покрај пополнетите обрасци наведени погоре (прилог 2 – прилог 6), потребно е да достават и CV (кратка биографија) на минимум 1 предложен експерт за испорака на бараните услуги.

Рокот за доставување на понудите е 13-ти мај, 2022 до 17:00 часот.
 
Понудите се поднесуваат по електронски пат со назнака: „За повик бр. 01/ПОМ/2022/РК“ на
адреса rkoalicija@gmail.com.
 
Огласот може да го најдете тука.

Рурална коалиција објавува покана за учество на јавен повик 2/ПОМ/2022/РК за набавка на услуга за спроведување на теренско истражување (анкета)

датум на објава: 03.05.2022 година.

Рурална Коалиција ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во тендерска постапка за набавка на: услуга за спроведување на теренско истражување (анкета). Избраните теренски истражувачи треба да спроведат интервјуа со вкупно 400 испитаници од руралните општини од Пелагониски, Полошки, Југозападен и Североисточен плански регион односно еден избран теренски истражувач треба да спроведе интервјуа со 35 испитаници во регионот за кој истиот е ангажиран. Се очекува да се ангажираат вкупно 12 теренски истражувачи (по 3 за секој регион). Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана.

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација односно да имаат минимум завршено средно образование.

Како критериуми за оценка на квалитетот на понудата покрај горенаведениот минимум услов ќе бидат земени предвид и следните критериуми: место на живеење во планскиот регион каде што ќе бидат ангажирани, способност за работа на терен и поседување на комуникациски вештини, како и минимум компјутерски вештини.

Сите заинтересирани физички лица треба да достават:
 Професионална биографија (CV) и
 Финансиска понуда (образецот е даден во Прилог 2 на тендерската документација).

Рокот за доставување на понудите е 13.05.2022 година до 17 часот. Понудите се поднесуваат по електронски пат на следната е-маил адреса rkoalicija@gmail.com, со назнака: „За повик бр. 02/ПОМ/2022/РК ”.
 
Огласот може да го најдете тука.

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на локални истражувачи/експерти за родова анализа

Датум на објава: 05.04.2022 

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објавува Јавен повик за ангажирање на тројца локални истражувачи за поддршка и локално истражување од родова песрпектива во рамки на проектот ,,Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“, имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.

Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Шведска.

Проектот се имплементира во општините: Кичево, Пласница, Гостивар, Врапчиште, Прилеп и Кривогаштани.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од петнаесет месеци на имплементација и да се осврне на основната грижа преку остварување на следниве три резултати:

  • Подобрени знаења и капацитети на локалните грасрут организации, како и жените од руралните средини со цел активно учество во следењето и родовата анализа на програмите на општините како еден од методите за активирање на локалната заедница во процесите на интеграција во ЕУ;
  • Засилено вмрежување и учество на локалните чинители во процесите на интеграција во ЕУ преку застапување до локалните власти за специфичните потреби на мажите и жените во руралните области;
  • Подигната свест и информации кај жените и мажите во руралните средини и локалните основни организации за родовите димензии во процесот на пристапување во ЕУ, како и нивното значење и влијание.

Вака поставените резултати директно придонесуваат кон остварувањето на целта поставена во рамките на проектот – да се подобри вклученоста на локалната заедница преку зголемување на знаењата за ЕУ интеграциите во локалните процеси на донесување на родово-сензитивни одлуки.

Цел на задача:

  • Учество во локално истражување и спроведување на интервјуа со засегнатите страни во општините во кои што се спроведува проектот, а во соработка со проектниот тим;
  • Учество во десктоп анализа на стратешките документи и програми од родов аспект;
  • Комуникација со општините и КЕМ во соработка со проектниот тим.

Времетраење на ангажман:

  • Истражувачите ќе бидат ангажирани во периодот април-мај 2022 година.

Задачи:

  • Активна комуникација со општините за кои што е назначен локалниот истражувач;
  • Спроведување на интервјуа со засегнати страни во координација со проектниот тим;
  • Десктоп анализа на стратешки и програмски документи на општините и КЕМ
  •  Поддршка во дисеминација на резултатите од проектот до релевантни претставници од општините
  •  Соработка со Руралното женско лоби и проектниот тим

Процедура за аплицирање и потребни критериуми за бараната позиција:

Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија најдоцна до 20 април 2022 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com или пак во просториите на канцеларијата на Рурална Коалиција на ул. Јордан Пиперката бр. 15, Кичево.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за понатамошна процедура за избор на кандидат.

Огласот може да го погледнете тука.

Рурална коалиција објавува оглас за aсистент/соработник за остварување на прорамските цели и активности, за канцеларијата во Кичево.

датум на објава: 15.03.2022 година.

Рурална коалиција го проширува тимот! 

Имаме потреба од амбициозна, креативна, иновативна личност која што би била заинтересирана да работи во флексибилна, динамична околина и која што е подготвена да вложи во својот сопствен развој и развојот на организација.

Рурална Коалиција е граѓанска организација која што е активна во секторот земјоделство и рурален развој веќе 9-те година по ред. Препознатлива по своите теренски активности, успешна во застапувањето на своите ставови, мерки и политики, креатор на првиот онлајн пазар и првата е-платформа за земјоделски услуги.

За остварување на програмските цели и активности, за канцеларијата во Кичево Рурална Коалиција има потреба од асистент/соработник.

Асистентот/ката треба да ги исполнува следниве општи критериуми:
  • Да има универзитетско образование;
  • Генерално да ја познава работата на граѓанските организации и нивното делување
  • Познавање на секторот земјоделство и рурален развој ќе се смета за предност.
Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија (CV) најдоцна до 30 март 2022 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com или лично во просториите на канцеларијата на ул. 4-ти Јули бб, Кичево (наспроти Адамс едукација)
 
Огласот може да го најдете  на следниот линк

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на новинар или медиумска куќа за изработка на видео истражувачка сторија.

датум на објава: 10.01.2022 година.

Рурална коалиција го имплементира проектот „Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на jавната администрациjа,, кој што е насочен кон заjакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини
преку развоj на препораки и застапување за дигитализациjа на локално ниво. Проектот е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна
Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија)

Проектот се имплементира во општините Старо Нагоричане, Кривогаштани и Врапчиште.
 
Цел на задача 
– Изработка на видео истражувачка новинарска сториjа на тема: Дигитализациjа и е-услуги во руралните општини – реалност или недостижна цел?, при што новинар или медумска куќа ќе бидат ангажирани да направат истражувачка сториjа коjа што потоа заедно со локалните медиуми ќе биде искористена за спроведување на локална кампања во секоjа од општините како и на социjалните медиуми за потребата, но и за наjсоодветните начини за спроведување на реформа на jавната администрациjа, како и за дигитализациjа на jавните услуги согласно степенот на познавање и
разбирање од страна на руралното население. Ваквата сториjа и промоциjа на истата ќе биде во насока на зголемување на свеста каj пошироката jавност за темата, но и да се запознаат со препораките произлезени од консултациите, како и за потребата од прилагодување на процесите за дигитализациjа согласно капацитетите на општините, особено истакнуваjќи го jазот коj што постои помеѓу урбаните и руралните општини.
 
Задачи:
 – Да се применат методите и алатките на истражувачко новинарство на терен на територијата на општините каде што се спроведува проектот; 
 – Врз основа на добиените сознанија и утврдена реална состојба на терен да се изработи видео сторија со вклучување на сите засегнати страни во процесот (општини, Рурална Коалиција, локално население) ;
 – Да се обезбеди промоција на видео сторијата на минимум еден локален или национален медиум;
 
Времетраење на ангажман:
 – јануари-февруари 2022 година, а должината на видеото ќе се одреди во координација со проектниот тим од 3-5 минути максимум.
 
Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија (CV)/портфолио на медиумот и финансиска понуда најдоцна до 26 јануари 2022 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com 
 
Огласот може да го најдете  на следниот линк

Рурална коалиција објавува оглас за искажување на интерес за објава на видео

датум на објава: 06.12.2021 година.

Рурална Коалиција во рамките на проектот Рурален Женски Е-пазар кој што е финансиски поддржан од Владата на РСМ, објавува оглас за искажување на интерес за објава на видео за промоција на првиот женски рурален е-пазар “Наша тезга“.

Целта на видеото е да се овозможи со поддршка на медиумите и порталите зголемена препознатливост на платформата како и на производите на жените од руралните средини.

Проектот е дизајниран со цел да придонесе кон општата цел зацртана во истиот, а тоа е:

Унапредување на квалитетот на живот во руралните средини преку зголемување на економската и социјална инклузија на жените во локалната заедница.
 
Зголемување на економската моќ и независност на жените од руралните средини преку создавање на стабилни и конкурентни вредносни синџири во локалната заедница е специфичната цел на проектот која што ќе се оствари преку постигнување на следните резултати:
 
1. Мапирани традиционални производи и преработки од 8-те плански региони со потенцијал за промоција на платформата локален женски е-пазар
2. Воспоставена и функционална платформа за промоција на традиционални производи и преработки со минимум 100 корисници/чки
3. Зголемени знаења за маркетинг, промоција и дигитални вештини кај минимум 60 жени од руралните средини
4. Зголемена препознатливост на платформата и креирани локални вредносни синџири на поврзување: производители-бизнис сектор-локална самоуправа-крајни потрошувачи
 
Цел на конкретната задача за која што е објавен повикот:
– Преку објава на промотивното видео да се зголеми препознатливоста на платформата и производите на жените од руралните средини.
 
Сите заинтересирани портали и медиуми својот интерес за објавување на видеото може да го достават на e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com или пак лично во просториите на организацијата на ул. Јордан Пиперката бр.15, Кичево најдоцна до 15 декември 2021 година.
 
Огласот може да го најдете  на следниот линк

Рурална коалиција објавува оглас за набавка на услуги за печатење

датум на објава: 01.09.2021 година.

Рурална Коалициjа во периодот јуни-октомври 2021 година го спроведува проектот “СТОП за палењето на стрништата!” коj што е насочен кон зајакнување на свеста кај земјоделците од штетноста од палењето на стрништата како во однос на потенцијалната опасност за предизвикување на пожари, така и во однос на загадувањето на животната средина и загрозувањето на здравјето на луѓето.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од пет месеци на имплементација и преку постигнување на следниве три цели:
1. Зголемување на знаењата кај земјоделските производители за негативните ефекти од палењето на стрништата
2. Намалување на бројот на запалени стрништа и намален број на пожари предизвикани како последица на неконтролирано палење на нивите
3. Создавање на локални партнерства за заеднички придонес кон намалувањето на аерозагадувањето и влиjанието од климатските промени по принципот “Мисли глобално, делуваj локално”

Зацртаните цели на овој начин директно ќе придонесат не само за подигнување на свеста кај земјоделците туку исто така ќе се влијае и на зголемувањето на нивните знаења за примената на позитивни пракси за управување со земјоделски отпад, а тоа пак индиректно ќе придонесе и кон намалување на бројот на запалени стрништа и загаденоста на взодухот во трите плански региони каде што се спроведува проектот: Североисточен, Пелагониски и Источен.

Цел на задачата

 Креирање на содржина, односно дизјан и печатење на промотивни материјали кои што ќе бидат искористени во кампања и теренска посета на земјоделци, а во исто време потребно е материјалите да бидат погодни и за споделување на социјалните медиуми. Потребни ќе бидат следниве материјали за печатење:

 – Водич (20-25 страни) А5 формат, колор техника, стандардна тежина на хартија, двострано (50 примероци)

 – Флаери стандардна големина, колор техника (100 примероци)

 – Постери А3 големина колор техника (50 примероци)

Заинтересираните субjекти се поканети да достават протфолио за правните лица, како и финансиска понуда на rkoalicija@gmail.com или пак во просториите на Рурална Коалиција најдоцна до 10-ти септември 2021 година.

Огласот може да го најдете  на следниот линк

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на медумска куќа за изработка на документарно видео

датум на објава: 01.09.2021 година.

Рурална Коалициjа во периодот јуни-октомври 2021 година го спроведува проектот “СТОП за палењето на стрништата!” коj што е насочен кон зајакнување на свеста кај земјоделците од штетноста од палењето на стрништата како во однос на потенцијалната опасност за предизвикување на пожари, така и во однос на загадувањето на животната средина и загрозувањето на здравјето на луѓето.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од пет месеци на имплементација и преку постигнување на следниве три цели:
1. Зголемување на знаењата кај земјоделските производители за негативните ефекти од палењето на стрништата
2. Намалување на бројот на запалени стрништа и намален број на пожари предизвикани како последица на неконтролирано палење на нивите
3. Создавање на локални партнерства за заеднички придонес кон намалувањето на аерозагадувањето и влиjанието од климатските промени по принципот “Мисли глобално, делуваj локално”
Зацртаните цели на овој начин директно ќе придонесат не само за подигнување на свеста кај земјоделците туку исто така ќе се влијае и на зголемувањето на нивните знаења за примената на позитивни пракси за управување со земјоделски отпад, а тоа пак индиректно ќе придонесе и кон намалување на бројот на запалени стрништа и загаденоста на взодухот во трите плански региони каде што се спроведува проектот: Североисточен, Пелагониски и Источен.

Цел на задачата:

 Креирање на содржина и изработка на крактко документарно видео кое што ќе ја прикажува реалната состојба и штетите кои што настануваат од палењето на стрништата, како и со вклучување на земјоделци да упатат пораки за штетноста од палењето на стрништата. Видеото треба да биде изработено на лесен и разбирлив јазик за земјоделците и да биде погодно за споделување со пошироката јавност. Препорачана должина на истото: 3-5 минути.

Потребни вештини и искуство:

 – Најмалку 3 години практично искуство во областа на мултимедијата и изработката на снимени видео материјали

 – Достапност и флексибилност при извршувањето на работните задачи

 – Претходното искуство и работа на терен со земјоделци, како и работа со граѓански сектор ќе се смета за предност.

Временскиот период за реализација на документарното видео:

 – Септември-октомври 2021 година

Заинтересираните субjекти (правни и физички лица) се поканети да достават професионална биографија или портфолио за правните лица, како и финансиска понуда на rkoalicija@gmail.com или пак во просториите на Рурална Коалиција најдоцна до 10-ти септември 2021 година.

Огласот може да го најдете  на следниот линк

Првиот виртуелен женски е-пазар ги отвора своите вирутелни тезги, па повелете резервирајте си една и за Вас!

датум на објава: 13.08.2021 година.

За што станува збор?

(1). Имено, дури 84% од жените во руралните средини имаа негативни ефекти во однос на нивните приходи во текот на Ковид пандемијата. Пазарите беа затворени, луѓето исплашени да купуваат на пазар или во контакт со други луѓе, а семејните земјоделски стопанства беа оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. И токму тука се увиде потребата од изнаоѓање на нов начин на промоција и продажба на локално произведената храна и се роди идејата за првиот рурален виртуелен женски е- пазар која  што идеја дојде токму од страна на жените во руралните средини низ теренските посети и разговорите со нив. 

(2). И токму тука, Рурална Коалиција ја презеде иницијативата за да го креира првиот женски рурален е-пазар во соработка со бројни донатори и поддржувачи како што се: Цивика Мобилитас, Конект, Донаторски кружок, како и сервисот Конектирај се! каде што ќе воспостави соработка и со бизнис заедницата, а ќе работи директно и со студентите од ФИНКИ факултетот на развојот на интерактивната платформа со кои што пак се поврза благодарение на Increasing Market Employability  проектот. Од месец август на листата на донатори  ни се придружува со својата поддршка и Владата на РСМ.

(3). Она што сега треба да го направиме е првиот реален чекор кој што ќе не води до еден интерактивен пазар со преполни тезги вкусна и локално произведена храна од рацете на наште жени од руралните средини. Потребно ни е заедно да ја надградуваме платформата и да ја исполнуваме со производите од нашите полиња, но и со животните приказни раскажани од самите земјоделски стопанства за нивната традиција на производство. Ова ќе биде прва платформа која што е директно ќе придонесува за економското јакнење на жените од руралните средини, па ајде заеднички да отвораме тезги на кои што ќе се нуди она најдоброто, а тоа е локално произведената храна.

(4). Освен што нашите истражувачи ќе работат на терен образецот за пополнување е достапен исто така и во електронска форма, па сите заинтересирани повелете пополнете го и станете дел од првиот рурален женски е-пазар на земјоделски производи и преработки.

(5). За секоја дополнителна информација обратете се на нашиот емаил: rkoalicija@gmail.com

Образецот може да го најдете  на следниот линк

Рурална коалиција објавува oглас за ангажирање на обучувач

датум на објава: 03.08.2021 година.

Рурална Коалиција во периодот јуни-ноември 2021 година го спроведува проектот  “СТОП за палењето на стрништа” кој што е насочен кон зајакнување на свеста кај земјоделците од штетноста од палењето на стрништа како во однос на  потенцијалната опасност за предизвикување на пожари, така и во одност на загадувањето на животната средина и загрозувањето на здравјето на луѓето.

Цел на задачата: 

-Креирање на содржина и одржување на 3 практични обуки на терен за примена на позитивни пракси за
управување со земјоделски отпад. Материјалот и обуките треба да бидат одржани на лесен и
едноставен јазик и истите потоа да може лесно да се пренесуваат на терен.

Задачи:

  • Креирање на содржина за спроведување на 3 практично обуки на терен со претставници на
    локални здруженија и индивидуални земјоделци на тема позитивни практики за управување
    со земјоделски отпад
  • Одржување на 3 обуки во периодот август-септември 2021 година.

Потребни вештини и искуство: 

  1. Универзитетско образование
  2. Најмалку 3 години практично искуство и познавање на обласите циркуларна економија,
    зелена економија, како и управување со земјоделски отпад
  3. Добри комуникациски, презентерски и фасилитаторски вештини и способности
  4. Достапност и флексибилност при извршувањето на работните задачи
  5. Претходното искуство и спроведување на обуки, како и работа со граѓански сектор ќе се
    смета за предност

Времетраење на ангажман: Август-септември 2021 година

Заинтересираните субјекти (правни и физички лица) се поканети да достават професионална биографија или портфолио за правните лица на: rkoalicija@gmail.com или лично во просториите на организацијата на ул. Јордан Пиперката бр.15, Кичево.
 
Прочитајте повеќе на следниот линк

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на локални теренски истражувачи

датум на објава: 03.08.2021 година.

Рурална Коалиција во рамките на пообемна иницијатива за формирање на првиот женски виртуелен е-пазар,а во рамките на проектот Рурален Женски Е-пазар кој што е финансиски поддржан од Владата на РСМ, објавува оглас за ангажирање на теренски истражувачи кои што треба да ги мапираат традиционалните производи во секој од планските региони, но и да ги дознаат и соберат приказните на жените од руралните средини кои што ќе пројават интерес да си создадат своја виртуелна тезга на пазарот.

Цел на задачата: 

Спроведување на теренско истражување и мапирање на карактеристични традиционални производи и преработки во руралните средини во 8-те плански региони: Пелагониски, Полошки, Југозападен, Југоисточен, Источен, Скопски, Вардарски и Североисточен.

Задачи:

  • Учество во креирање на прашалник за потребите на истражувањето
  • Мапирање на локални традиционални производи во конкретниот регион од кој што доаѓа истражувачот  
  • Спроведување на интервјуа на терен со жени од руралните средини  и идентификување на минимум 15 жени по плански регион
  • Сумирање на собраните податоци и 
  • Подготовка на извештај за текот на спроведеното истражување.

Потребни вештини и искуство: 

  1. Минимум средно образование 
  2. Добри комуникациски, презентерски и тимски способности
  3. Достапност за комуникација 
  4. Добро познавање на теренот каде што ќе се спроведува истражувањето 
  5. Претходно искуство во истражувања и познавање на работење на ГО ќе се смета за предност.

Времетраење на ангажман: 1 месец ( август-септември 2021 година ) 

Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија (CV) најдоцна до 13 август 2021 година во електронска форма на следнава е-маил адреса: rkoalicija@gmail.com , или пак лично во просториите на организацијата на ул. Јордан Пиперката бр.15, Кичево.
 
Прочитајте повеќе на следниот линк

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на локален новинар за изработка на новинарска сторија

датум на објава: 03.08.2021 година.

Рурална Коалиција, во период од 8 месеци, ќе го спроведува проектот “Климатска акција за климатските промени во земјоделството”. Проектот е насочен кон влијание за директно подигнувањето на свеста кај малите земјоделски стопанства, за да сфати и потребата од делување во насока на ублажување и прилагодување кон последиците од климатските промени.

Цел на задачата: 

Изработка на новинарска сторија која што ќе се однесува на климатските промени и нивното влијание врз локалното население, со посебен акцент врз општините и нивните локални политики за справување со нив.

Задачи:

  • Подготовка на новинарска сторија во која ќе биде вклучена општината, локалното население и земјоделците, со дефинирани пораки и заклучоци.

Потребни вештини и искуство: 

  1. Завршени студии по новинарство или слично; 
  2. Добри аналитички способности
  3. Добри контакти со општината и локалното население
  4. Добро познавање на законската и програмската регулатива во климатските промени во делот, земјоделство и климатските промени и еколошките стандарди во земјоделството
  5. Искуство во изработка на новинарски стории

Времетраење на ангажман: Активноста предвидено е да се реализира во периодот август/септември 2021 година согласно потребите и договорот со проектниот тим. 

Заинтересираните кандидати доставуваат  професионална биографија на емаил: rkoalicija@gmail.com најдоцна до 09-ти август 2021 година.
 
Прочитајте повеќе на следниот линк

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на 2 обучувачи

датум на објава: 05.07.2021 година. 

Рурална Коалициjа во период од 18 месеци ќе го спроведува проектот “Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!” коj што е насочен кон зголемување на употребата на дигиталните услуги во нашата земjа, конкретно во делот на услугите кои што се наjчесто користени од страна на земjоделците и руралното население.

Цел на задачата: 

Креирање на содржина и одржување на 5 практични on-line обуки за електронско аплицирање
за субвенции и користење на услуги од порталот uslugi.gov.mk. Материјалот и обуките треба
да бидат одржани на лесен и едноставен јазик и истите потоа да може лесно да се
пренесуваат на терен. Ќе се ангажираат двајца обучувачи и тоа: еден експерт од областа на
земјоделството и руралниот развој кој што добро го познава користењето на е-системот во
секторот и втор обучувач кој што пак има практични познавања од областа е-услуги,
Дигиталната агенда и порталот www.uslugi.gov.mk

Задачи:

  • Креирање на содржина за on-line обуки со претставници на локални здруженија и
    индивидуални земјоделци и тоа на две теми: електронско аплицирање за субвенции
    и ИПАРД повици и користење на е-услуги од порталот https://uslugi.gov.mk/
  • Одржување на 5 обуки во периодот јули-август 2021 година

Потребни вештини и искуство: 

  1. Најмалку 3 години практично искуство и познавање на обласите електронско
    аплицирање во земјоделскиот сектор и користење на услуги од порталот
    https://uslugi.gov.mk/
  2. Добри комуникациски, презентерски и фасилитаторски вештини и способности
  3. Достапност и флексибилност при извршувањето на работните задачи

Времетраење на ангажман: јули-август 2021 година

Заинтересираните субјекти ( правни и физички лица) се поканети да достават професионална биографија или портфолио за правните лица на е-маил адреса: rkoalicija@gmail.com најдоцна до 16-ти јули 2021 година.
 
Прочитајте повеќе на следниот линк

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на експерт

датум на објава: 05.07.2021 година.

Рурална коалиција започна со имплементација на проектот,,Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на jавната администрациjа,, кој што е насочен кон заjакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини преку развоj на препораки и застапување за дигитализациjа на локално ниво. Проектот е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија). Проектот ќе се имплементира во општините Старо Нагоричане, Кривогаштани и Врапчиште.

Цел на задачата: 

Развивање на методи и алатки за граѓански мониторинг на процесот за дигитализација и давање на е-услуги во руралните општини

Задачи:

  • Да се развијат и прилагодат алатки за мониторинг и следење на локалните услуги на
    општините кои што потоа ќе може да ги користат граѓаните и да ги мониторираат
    општините
  • Изработка на кратко упатство со алатките и начините за нивно користење
  • Подготовка на извештај за текот на спроведеното истражување

Потребни вештини и искуство: 

  1. Универзитетско образование од областа на јавната администрација, политички науки
    или слични области
  2. Добри комуникациски и фасилитаторски вештини
  3. Добро познавање на локалната самоуправа, процесите на децентрализација и
    контекстот во кој што делуваат руралните општини
  4. Релевантно искуство во процесите на мониторинг и евалуација, а соработката со ГО
    ќе се смета за предност

Времетраење на ангажман: август – септември 2021 година, 5 работни денови вкупно

Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија (CV) и финансиска понуда најдоцна до 06 август 2021 година во електронска форма на следнава е-маил адреса: rkoalicija@gmail.com .
 
Прочитајте повеќе на следниот линк

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на експерт за изработка на документи за јавни политики

датум на објава: 05.07.2021 година.

Рурална Коалиција, во период од 8 месеци, ќе го спроведува проектот “Климатска акција за климатските промени во земјоделството”. Проектот е насочен кон влијание за директно подигнување на свеста кај малите земјоделски стопанства, за да сфати и потребата од делување во насока на ублажување и прилагодување кон последиците од климатските промени.

Цел на задачата: 

Изработка на 5 документи за јавни политики (policy papers) кои што ќе се однесуваат на предлог мерки и препораки насочени кон ублажување и прилагодување на земјоделството и земјоделските практики кон климатските промени.

Задачи:

  • Консултирање на национални и локални документи како и акциски планови за справување со климатските промени
  • Подготовка на 5 документи за јавни политики во соработка со проектниот тим.
  •  

Потребни вештини и искуство: 

  1. Универзитетско образование
  2. Добри комуникациски, презентерски и аналитички способности
  3. Одлично познавање на законската и програмската регулатива во делот на земјоделството, земјоделството и климатските промени и еколошките стандарди во земјоделството
  4. Искуство во изработка на документи за јавни политики како и соработка со граѓанските организации ќе се смета за предност.

Времетраење на ангажман: 5 работни дена во текот на месец јули 2021 година согласно потребите и договорот со проектниот тим.

Заинтересираните кандидати доставуваат финансиска понуда и професионална биографија на е-маил адреса: rkoalicija@gmail.com најдоцна до 13-ти јули 2021 година.
 
Прочитајте повеќе на следниот линк.

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на локални теренски истражувачи

датум на објава: 05.07.2021 година.

Рурална Коалиција започна со имплементација на проектот “Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација” кој што е насочен кон зајакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини преку развој на препораки и застапување за дигитализација на локално ниво. Проектот е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјина на 3Б за мониторинг на реформите на јавната администрација од страна на граѓанското општество WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија

Цел на задачата: 

Реализирање на истражување за достапноста на е-услугите и процесот на дигитализација на локално ниво. Истражувањето ќе се спроведе во 3 рурални општини во 3 плански региони – Североисточен, Полошки, Пелагониски и тоа: општина Старо Нагоричане, општина Врапчиште и општина Кривогаштани.

Задачи:

-Учество во креирање на прашалник за потребите на истражувањето,

-Анкетирање на минимум 50 испитаници по општина,

-Спроведување на интервјуа со вработени во трите општини 

-Сумирање на собраните податоци

-Подготовка на извештај за текот на спроведеното истражување 

Потребни вештини и искуство: 

  1. Минимум средно образование 
  2. Добри комуникациски, презентерски и тимски способности
  3. Достапност за комуникација 
  4. Добро познавање на теренот каде што ќе се спроведува истражувањето
  5. Претходно искуство во истражувања и познавање на работење на ГО ќе се смета за предност.

Времетраење на ангажман: 1 месец ( Од 20 јули до 20 август 2021 година)

Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија ( CV ) најдоцна до 13 јули 2021 година во електронска форма на следнава е-маил адреса: rkoalicija@gmail.com .
 
Прочитајте повеќе на следниот линк.

Рурална коалиција објавува оглас за ангажирање на консултант за едукативни работилници и изработка на водич за климатски промени во земјоделството

датум на објава: 25.05.2021 година.

Рурална Коалиција, во период од 8 месеци, ќе го спроведува проектот “Климатска акција за климатските промени во земјоделството”. Проектот е насочен кон влијание за директно подигнувањето на свеста кај малите земјоделски стопанства, за да сфати и потребата од делување во насока на ублажување и прилагодување кон последиците од климатските промени.

Цел на задачата: Реализација на две едукативни работилници за алатките и начините на вклучување во процесите на  креирање јавни политики и застапување на дадените предлози, и изработка на Водич за климатските промени во земјоделството. 

Потребни вештини: 

  1. Најмалку 3 години практично искуство во дадената тематика 
  2. Добри комуникациски, презентерски и аналитички способности
  3. Одлично познавање на законската и програмска регулатива во делот на земјоделството, земјоделството и климатските промени и еколошките стандарди во земјоделството.

Времетраење на ангажман: 10 работни дена.

Заинтересираните кандидати доставуваат финансиска понуда и професионална биографија на е-маилот: rkoalicija@gmail.com , најдоцна до 04 јуни 2021 година.
 
Прочитајте повеќе на следниот линк.

Рурална коалиција отвара повик за искажување на интерес и мотивација за вклучување во процесот на едукација и надградба на капацитетите здруженијата членки на Коалицијата и нивните членови за креирање, но и за лобирање на предлози во процесот на креирање и имплементација на локални и национални политики поврзани со климатските промени.

датум на објава: 24.05.2021 година.

Организациите – членки кои ќе бидат вклучени во процесите на едукација ќе имаат можност да земат учество во две едукативни работилници за алатките и начините на вклучување во процесите на креирање јавни политики и застапување на дадените предлози. Исто така преку менторска поддршка, организациите ќе имаат можност да ги зајакнат своите капацитети за изработка на документи за јавни политики.

Апликацијата може да ја погледнете тука.

Целиот повик може да го погледнете тука.

За подетални информации обратете се на следната е-маил адреса: rkoalicija@gmail.com , или на тел. 078303735 . 

Сите заинтересирани организации членки на Рурална Коалиција, можат да се пријават со испраќање на формуларот кој е во прилог, на следната е-маил адреса: rkoalicija@gmail.com .

Краен рок за пријавување: 04 јуни 2021 година.

Рурална Коалиција Куманово, објавува оглас за ангажирање на новинар за изработка на новинарска истражувачка сторија

датум на објава: 07.05.2021 година. 

Рурална Коалиција Куманово,  во период од 18 месеци ќе го спроведува проектот “Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!” коj што е насочен кон зголемување на употребата на дигиталните услуги во нашата земjа, конкретно во делот на услугите кои што се наjчесто користени од страна на земjоделците и руралното население.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од осумнаесет месеци на имплементација и да се осврне на основната грижа преку постигнување на следниве три цели:

 1. Да се зголеми видливоста на прашањата поврзани со дигиталната агенда во секторот земјоделство и рурален развој во граѓанското општество и медиумите во секторот

 2. Да се подобри нивото на компјутерска писменост и познавање на дигитални алатки и услуги за руралното население во Северна Македонија.

 3. Да се зајакне online довербата и безбедноста на системот за е-услуги во секторот земјоделство и рурален развој преку воспоставување и практикување на дигитални алатки и комуникација.

Зацртаните цели на овој начин директно ќе придонесат не само за подигнување на нивото на компјутерска писменост во секторот, туку исто така ќе придонесат институциите и граѓаните да се соочат со главните предизвици што ги имаат и двете страни при користењето на електронскиот систем на испорака на услуги. Она што исто така е од особена важност во рамките на овој проект е како информациите кои што се креираат во рамките на овој проект да допрат до пошироката јавност, но при тоа да им се овозможи истите да ги користат во своја полза. Токму за таа цел во проектот е предвидено и креирање на 2 едукативни видеа кои што ќе им го олеснат користењето на е-услугите на земјоделците, но и воопшто на локалното население. Со зголеменото користење на е-услугите од страна на граѓаните во исто време се придонесува и кон остварувањето на Дигиталната агенда на државата што исто така е една од зацртаните цели на регионалниот проект “Зголемување на граѓанското учество во реализацијата на Дигиталната агенда“.

Цел на задачата

 Креирање на содржина и новинарско истражување на тема поврзана со секторот земјоделство и рурален развој и дигитализацијата, како и реалните случувања во истиот. Новинарската сторија треба да ги вклучува ставовите како на институциите, така и на земјоделците за да се утврдат предизвиците кои што постојат и од двете страни кога се говори за дигитализацијата и како понатаму може истите да се надминат. Начинот на изработка на сторијата, како и сценариото за истата детално ќе бидат договорени дополнително со избраниот новинар.

Потребни вештини и искуство

 – Најмалку 3 години новинарско искуство 

– Генерално познавање на темите за дигитализација и користење на е-услуги во нашата земја

 – Добри комуникациски, презентерски и фасилитаторски вештини и способности

 – Достапност и флексибилност при извршувањето на работните задачи

 – Познавањето и работата во секторот земјоделство и рурален развој ќе се смета за предност

Временскиот период за реализација: Мај – Јуни  2021 година

Заинтересираните субjекти (правни и физички лица) се поканети да достават професионална биографија или портфолио за правните лица  на rkoalicija@gmail.com најдоцна до 17-ти мај 2021 година.

 Прочитај повеќе

Рурална Коалиција Куманово, објавува оглас за ангажирање на дизајнер/мултимедиумска куќа за изработка на едукативни видеа.

датум на објава: 07.05.2021 година.

Рурална Коалиција Куманово, во период од 18 месеци ќе го спроведува проектот “Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!” коj што е насочен кон зголемување на употребата на дигиталните услуги во нашата земjа, конкретно во делот на услугите кои што се наjчесто користени од страна на земjоделците и руралното население.

Проектот е дизајниран да обезбеди конкретни резултати во период од осумнаесет месеци на имплементација и да се осврне на основната грижа преку постигнување на следниве три цели:

 1. Да се зголеми видливоста на прашањата поврзани со дигиталната агенда во секторот земјоделство и рурален развој во граѓанското општество и медиумите во секторот

 2. Да се подобри нивото на компјутерска писменост и познавање на дигитални алатки и услуги за руралното население во Северна Македонија.

 3. Да се зајакне online довербата и безбедноста на системот за е-услуги во секторот земјоделство и рурален развој преку воспоставување и практикување на дигитални алатки и комуникација.

Зацртаните цели на овој начин директно ќе придонесат не само за подигнување на нивото на компјутерска писменост во секторот, туку исто така ќе придонесат институциите и граѓаните да се соочат со главните предизвици што ги имаат и двете страни при користењето на електронскиот систем на испорака на услуги. Она што исто така е од особена важност во рамките на овој проект е како информациите кои што се креираат во рамките на овој проект да допрат до пошироката јавност, но при тоа да им се овозможи истите да ги користат во своја полза. Токму за таа цел во проектот е предвидено и креирање на 2 едукативни видеа кои што ќе им го олеснат користењето на е-услугите на земјоделците, но и воопшто на локалното население. Со зголеменото користење на е-услугите од страна на граѓаните во исто време се придонесува и кон остварувањето на Дигиталната агенда на државата што исто така е една од зацртаните цели на регионалниот проект “Зголемување на граѓанското учество во реализацијата на Дигиталната агенда“.

Цел на задачата

 Креирање на едноставна и разбирлива мултимедијална содржина поделена на 2 видеа и тоа: 

– Првото кое што детално ќе го објаснува процесот на добивање на е-услуги преку националниот портал за е-услуги uslusgi.gov.mk и

 – Второто кое што на детален, но во исто време и разбирлив јазик го опишува начинот на електронско аплицирање за субвенции преку порталот ipardpa.gov.mk

Сценариото за видеата ќе се работи во координација со проектниот тим кој што исто така ќе обезбеди дел од материјалите потребни за видеото и ќе ја пружи целосната логистичка и техничќка поддршка при нивната изработка.

Потребни вештини и искуство

 – Најмалку 3 години искуство во делот на изработка на мултимедијални содржини

 – Генерално познавање на темите за дигитализација и користење на е-услуги во нашата земја

 – Добри комуникациски, презентерски и фасилитаторски вештини и способности

 – Достапност и флексибилност при извршувањето на работните задачи

 – Познавањето и работата во секторот земјоделство и рурален развој ќе се смета за предност

Временскиот период за реализација – Јуни – јули 2021 година

Заинтересираните субjекти (правни и физички лица) се поканети да достават професионална биографија или портфолио за правните лица, како и финансиска понуда на rkoalicija@gmail.com најдоцна до 31-ви мај 2021 година.

 Прочитај повеќе

Рурална Коалиција Куманово, објавува јавен повик за набавка на компјутерска опрема - лаптопи.

датум на објава: 15.04.2021 година.

Рурална Коалиција Куманово, објавува јавен повик за набавка на компјутерска опрема – лаптопи.

Рурална Коалициjа во период од 18 месеци ќе го спроведува проектот “Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!” коj што е насочен кон зголемување на употребата на дигиталните услуги во нашата земjа, конкретно во делот на услугите кои што се наjчесто користени од страна на земjоделците и руралното население.

Генерална спецификација на набавката

  • Дијагонала на екран: минимум 14″
  • Број на процесорски јадра: минимум 2
  • Кеш меморија на централна процесирачка единица ( CPU ) : минимум 1 МБ Л2 кеш
  • Графичка картичка: интегрирана
  • Рам меморија: минимум 4
  • Хард Диск/ССД: минимум 120 гб
  • Веб камера: интегрирана
  • Батерија: литиумска
  • Мрежно поврзување: да, безжична мрежна картичка

Временски период за набавка на лаптопите: 1 месец

Прочитај повеќе

Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на документи за внатрешната регулација на организациската структура на локалните здруженија.

датум на објава: 07.04.2021 година.

Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на документи за внатрешна регулација на организациската структура на локалните здруженија.

Експертот/ката треба да ги исполнува следниве општи критериуми:

  • Да има универзитетско образование
  • Да има искуство во работењето во граѓанските организации и да ја познава околината во која што истите функции и делуваат;
  • Да го познава секторот земјоделство и рурален развој и особено да има познавања на структурата и начинот на делување на локалните грас рут организации.

 Прочитај повеќе

Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на извештај "во сенка" за ИПАРД 2 програмата.

датум на објава: 07.04.2021 година.

Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на извештај “во сенка” за ИПАРД 2 програмата.

Експертот/ката треба да ги исполнува следниве општи критериуми:

  • Да има универзитетско образование
  • Да има искуство во работењето во граѓанските организации и да ја познава околината во која што истите функции и делуваат;
  • Да го познава секторот земјоделство и рурален развој и особено да има познавања на мерките и програмите за доделување на финансиска поддршка (Програма за рурален развој и ИПАРД);
  • Познавањето на ЕУ процесите во делот на Заедничката Земјоделска Политика ќе се смета за предност. 

 Прочитај повеќе

Рурална Коалиција, во рамките на проектот за Институционално јакнење на организацијата, поддржан во рамките на програмата Цивика мобилитас, објавува оглас за избор на 1 новинар за изработка на истражувачка новинарска сторија

датум на објава: 15.01.2021 година

Рурална Коалиција, во рамките на проектот за Институционално јакнење на организацијата, поддржан во рамките на програмата на Цивика мобилитас, објавува оглас за избор на 1 новинар за изработка на истражувачка новинарска сторија согласно целите и потребите на организацијата а предвидена во акцискиот план за 2020-2021 година.

Потребните информации за огласот  

Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на прирачник за локални здруженија за мониторинг на јавните повици во општините за доделување на средства за финансирање на активностите на здруженијата

датум на објава: 10.22.2020 година

Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на прирачник за локални здруженија за мониторинг на јавните повици во општините за доделување на средства за финансирање на активностите на здруженијата.

Потребните информации за огласот 

Рурална Коалиција Куманово,во рамките на проектот "Родова еднаквост - клуч за економски силна рурална заедница ",кој што го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери Моја Фарма објавува оглас на 2 предавачи/чки

датум на објава: 10.25.2020 година 

Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за  економски силна рурална заедница “, кој што го спроведува во партнерство со  здружението на жени фармери Моја Фарма од Гостивар објавува оглас за избор на 2 предавачи/чки за презентација и запознавање на локалното население со содржината  на водичот за полесно разбирање и примена на правилниците за продажба од куќен праг  за растително и сточарско производство.

Потребните информации за огласот

Рурална Коалиција Куманово,во партнерство со здружението на жени фармери Моја фарма од Гостивар,објавува јавен повик за изразување интерес од страна на медиумските куќи за објава на истражувачка новинарска сторија

датум на објава: 10.23.2020 

Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Родова еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница”, кој што го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери Моја Фарма од Гостивар,објавува јавен повик за изразување на интерес од страна на медиумските куќи за објава на истражувачка новинарска сторија.

Потребните информации за огласот

Рурална Коалиција Куманово, во партнерство со здружението на жени фармери Моја Фарма од Гостивар објавува оглас за 1 експерт/ка за изработка на водич за полесно разбирање и примена на правилниците за продажба од куќен праг за растително и сточарско производство.

датум на објава: 10.09.2020 

Рурална Коалиција Куманово,во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница”, кој што го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери Моја Фарма од Гостивар објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на водич за полесно разбирање и примена на правилниците за продажба од куќен праг за растително и сточарско производство.

Потребните информации за огласот

Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 обучувач/ка за одржување на еднодневна обука за лобирање и застапување на барањата на жените од руралните средини за нивно економско зајакнување.

датум на објава: 01.09.2020
Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница “, кој што го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери Моја Фарма од Гостивар објавува оглас за избор на 1 обучувач/ка за одржување на еднодневна обука за лобирање и застапување на барањата на жените од руралните средини за нивно економско зајакнување.

.Потребните информации за огласот

Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за организирање и реализација на дводневна on-line работилницa

датум на објава: 01.09.2020
Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за организирање и реализација на дводневна on-line работилница, како и изработка на политика за родова еднаквост на организацијата. Политиката за родова еднаквост треба да придонесе кон унапредување на практикувањето на родовата рамноправност и еднаквост во рамките на коалицијата, а се со цел изработка родово-сензитивни документи и политики, како и нивна реализација со родово-сензитивни показатели во работењето на организацијата.

Потребните информации за огласот

Рурална коалиција објавува оглас за изработка на новинарска сторија

датум на објава: 12.08.2020
Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница“, кој што го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери Моја Фарма од Гостивар, објавува јавен повик за изразување на интерес од страна на медиумските куќи за изработка на новинарска сторија под мотото– И таа е тука! (се мисли на руралната жена), а коjа што ќе ги опфати сите сегменти од животот на една активна носителка на семеjно земjоделско стопанство, вклучуваjќи jа тука и страната на институциите.

Потребните информации за огласот

Oглас за изработка за избор на 1 експерт/ка за изработка на генерално упатство за аплицирање на повици од институциите и општините поврзани со секторот земјоделство и рурален развој

датум на објава: 06.08.2020
Рурална Коалиција Куманово, во насока на реализација на своите активности објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на генерално упатство за аплицирање на повици од институциите и општините поврзани со секторот земјоделство и рурален развој. Дополнително ангажманот опфаќа и изработка на календар со индикативните датуми за објавување на повици во секторот.

Потребните информации за огласот

Oглас за изработка на кратка видео порака согласно целите и потребите на проектот.

датум на објава: 06.08.2020
Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Преку медиумска писменост до подобрени локални младински политики“, објавува оглас за изработка на кратка видео порака согласно целите и потребите на проектот.
Имено, во рамките на проектот предвидено е младите во соработка со локалните медиуми да ги повикаат локалните власти да обрнат поголемо внимание на нивните потреби, но и да ги вклучат во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки..

Потребните информации за огласот

Oглас за избор на 1 Новинар за изработка на истражувачка новинарска сториjа согласно целите и потребите на проектот

датум на објава: 06.08.2020
Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Преку медиумска писменост до подобрени локални младински политики“, објавува оглас за избор на 1 новинар за изработка на истражувачка новинарска сториjа согласно целите и потребите на проектот.

Потребните информации за огласот

Oглас за избор на 1 Предавач/ка за одржување на 2 едукативни работилници за унапредување на медиумската писменост кај граѓаните во локалната заедница

датум на објава: 06.08.2020
Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Преку медиумска писменост до подобрени локални младински политики“, објавува оглас за предавач за одржување на 2 едукативни работилници за унапредување на медиумската писменост кај граѓаните во локалната заедница.

Потребните информации за огласот

Oглас за избор на 1 дизајнер/ка за изработка за изработка на инфографици за потребите на проектот.

датум на објава: 06.08.2020
Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница “, кој што го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери Моја Фарма од Гостивар објавува оглас за избор на дизајнер/ка за изработка на инфографици за потребите на проектот.

Потребните информации за огласот

Oглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на краток документ за јавна политика за економско зајакнување на жената во руралната средина

датум на објава: 06.08.2020
Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница “, кој што го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери Моја Фарма од Гостивар објавува оглас за избор на 1 експерт/ка за изработка на краток документ за јавна политика за економско зајакнување на жената во руралната средина.

Потребните информации за огласот

Oглас за избор на 4 локални истражувачи/чки за спроведување на online и телефонско истражување во Североисточниот и Полошкиот плански регион

датум на објава: 26.06.2020
Рурална Коалиција Куманово, во партнерство со здружението на жени фармери Моjа Фарма, а во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница“, објавува оглас за избор на 4 локални истражувачи/чки за спроведување на online и телефонско истражување во Североисточниот и Полошкиот плански регион

Потребните информации за огласот

Oглас за избор на снабдувач/маркет/продавница за набавка на средства за лична хигиена и дезинфекциjа

датум на објава: 11.06.2020
Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Фундаменталните човекови права и родовата еднаквост – предизвик за практикување во руралните средини“, објавува оглас за избор на снабдувач/маркет/продавница за набавка на средства за лична хигиена и дезинфекциjа.
Снабдувачот треба да обезбеди количина од 100 пакети со средства за хигиена и здравствена заштита во краток временски период. Составот на пакетите го предлага самиот снабдувач со наведување на просечни цени на производите

Потребните информации за огласот

Oглас за избор на фотограф за теренско фотографирање и обработка на фотографии за спроведување на on-line кампања

датум на објава: 11.06.2020
Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Фундаменталните човекови права и родовата еднаквост – предизвик за практикување во руралните средини“, објавува оглас за избор на фотограф за теренско фотографирање и обработка на фотографии за спроведување на on-line кампања.
Фотографот треба да има напредни познавања на програмите за обработка на фотографиите затоа што истите ќе се користат во активна on-line кампања и ќе содржат пораки кои што ќе треба да допрат до пошироката jавност. Фотографиите треба да упатуваат jасна порака за родовата еднаквост во руралните средини и како истата може да се унапреди и со тоа да се придонесе кон исполнувања на условите и критериумите поставени во ЕУ Поглавjето 23 – Правосудство и фундаментални права

Потребните информации за огласот

Оглас за избор на физичко лице/правно лице за монтажа на снимени аматерски видео пораки согласно целите и потребите на проектот

датум на објава: 01.06.2020
Рурална Коалиција Куманово
, во рамките на проектот “Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина “, објавува оглас за избор на физичко лице/правно лице за монтажа на снимени аматерски видео пораки согласно целите и потребите на проектот.

Потребните информации за огласот

Оглас за избор на надворешен соработник – експерт или консултантска куќа за изработка на стратегиски план за развоj на организациjата за наредниот 4-годишен период (2021-2025).

Рурална Коалиција – Куманово во рамките на проектот “Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа“, а за потребите на спроведување на процесот на стратешко планирање на организациjата објавува Оглас за избор на надворешен соработник – експерт или консултантска куќа за изработка на стратегиски план за развоj на организациjата за наредниот 4-годишен период (2021-2025).

Потребните информации за огласот

Oглас за избор на надворешен соработник - експерт за изработка на кодекс на добро управување за потребите на организацијата

Рурална Коалиција – Куманово во рамките на проектот “Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа“, а за потребите на спроведување на процесот на стратешко планирање на организациjата објавува Оглас за избор на надворешен соработник – експерт за изработка на кодекс на добро управување за потребите на организациjата

Потребните информации за огласот

Oглас за ангажирање на Психолог

Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина “, објавува оглас за избор на 1 психолог за изработка на психолошки совети кои што ќе им помогнат на жените полесно да се справат со предизвиците и кризата Ковид 19 согласно целите и потребите на проектот.

Потребните информации за огласот

Oглас за ангажирање на Новинар

Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина “, објавува оглас за избор на 1 новинар за изработка на истражувачка новинарска сториjа согласно целите и потребите на проектот.

Имено, во рамките на проектот предвидено е да се прикаже животот на жената во руралната средина и справувањето со предизвиците кои што со себе ги донесе кризата предизвикана од вирусот Ковид 19, а коjа што особено се одрази на продлабочување на родовиот jаз како во урбаните, така и во руралните средини.

Потребните информации за огласот

Oглас за ангажирање на програмски соработник

Рурална Коалициjа обjавува оглас за ангажирање на програмски соработник коj што ќе се вклучи во редовните проектни и програмски активности на организациjата и ќе придонесе кон достигнување на стратешките цели кои што организациjата ги има зацртано и активно ќе придонесува кон унапредување на секторот земjоделство и рурален развоj.

Потребните информации за огласот

Оглас за Оглас за прибирање на понуди за озвучување.

датум на објава: 21.01.2019

Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“, а финансиски поддржан од Асоцијацијата на агенции за локална демократија АЛДА, а во рамките на проектот  „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ објавува 

Понуди може да доставуваат сите правни лица кои што поседуваат опрема за озвучување.

Потребните информации на огласот

Оглас за избор на двајца локални истражувачи за мапирање/скенирање на моменталната состојба во општина Старо Нагоричане

датум на објава: 05.03.2018
Рурална Коалиција Кумановo,
во рамките на проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“, а финансиски поддржан од Асоцијацијата на агенции за локална демократија АЛДА, а во рамките на проектот  „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ објавува Оглас за избор на двајца локални истражувачи за мапирање/скенирање на моменталната состојба во општина Старо Нагоричане. Истражувањето треба да му послужи на експертот кој што ќе биде ангажиран за изработка на извештајот реално да ја прикаже состојбата со локалниот, економски и рурален развој во општината.

Потребните информации на огласот