Кодекс за добро управување

Граѓанските организации даваат отчет пред своите заедници.Тргнувајќи од оваа кауза,Рурална Коалиција пристапи кон изработка на кодекс за добро управување кој што треба јасно да ги дефинира улогите на органите од кои што е составена организацијата, но исто така да го регулира и проецесот на отвореност како и на давање на одговори,информации и известување за секоја активност на Коалицијата.Кодексот за добро управување на Рурална Коалиција е изработен во рамките на проектот Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалиција.

Доброто управување е основна форма на отчетност !

– Мерилин Вајат –

Учеството на луѓето е суштина на добро управување.

-Нарендра Моди-

Ниту еден човек не е доволно добар да управува со друг човек без негова согласност.

-Абрахам Линколн-