ЗА НАС
ВИЗИJА
Конкурентни, организирани, здружени семејни земјоделски стопанства –
двигатели кон цврста развојна земјоделска политика, унапредени социо-економски
услови за квалитетен живот и одржлив рурален развој
МИСИЈА
Унапредување на условите
во руралните средини за воспоставување одржливи семејни земјоделски стопанства
преку директна поддршка, градење на капацитети, придонес кон рамномерен
регионален развој и учество во креирање на локалната и националната аграрна
политика.
Главна
дејност: подобрување на квалитетот на живот во руралните средини; едукација,
организација и заедничко делување на земјоделците; влијание на политиките на
национално и локално ниво, рамномерен регионален развој, промоција и јакнење на
капацитетите на локалните граѓански организации.
Руралната коалиција веќе е препознатлив партнер на земјоделските здружениjа, кој што опфаќа
повеќе сегменти на делување започнувајќи од grass root активности, па се до
мониторинг, следење на законска национална и ЕУ регулатива, креирање на документи
за јавни политики и влијание.
Како Коалиција составена е од 40 локални здруженија, 12 волонтери, 1 редовно
вработен, 5 хонорарно ангажирани лица, како и професори, докажани експерти во
областа земjоделство и рурален развоj, истакнати студенти по земjоделски науки
и храна, кои што го сочинуваат Советодавно тело на организациjата кое што пак
ги гради ставовите на Коалициjата по сите прашања од интерес за организациjата.
Родовата рамноправност и еднаквост, младите, вклучувањето на етничките
малцинства и ранливите категории на граѓани се хоризонталните теми на кои
Коалицијата исто така посветува внимание, па така во рамките на Коалициjата
неформално делува и Руралното Женско Лоби составено од активни
жени-земjоделки кои што делуваат и придонесуваат кон локалниот економски развоj
во руралните средини, како и Младински Рурален Клуб во коj
што пак членуваат младите од руралните средини и со заеднички сили и идеи
придонесуваат кон унапредување на социjалните услови за живот, но и
атрактивноста, како и економските бенефити од земjоделството и руралниот развоj
и живеењето во руралните средини.
Што се однесува пак до соработката со останатите
локални чинители во заедницата, како Коалиција, организацијата работи на
развивање и имплементациjа на одржливи проекти и активности со општините, месните заедници, локалните
институции, подрачните единици на министерствата, со дел од нив
потпишано и меморандуми за соработка, а со локалните здруженија како членки
голем дел од проектите и активностите се спроведуваат партнерски на терен. Коалицијата
има воспоставено добра соработка и со седмата сила, односно медиумите,
национални и локални, па медиумскиот простор често пати е пополнет и со
активности реализирани од страна на организациjата и неjзините партнери, но и
дел од видео и промотивните материjали се добиени како производ од взаемната
соработка.
Бидеjќи организациjата расте и се развива многу вложува и во делот на вмрежување и
градење на релации и поврзување со сродни организации од областите во кои што делува,
како на национално, така и на регионално и меѓународно ниво, па истата
е членка на броjни мрежи на граѓански организации преку кои што ги остварува
своите влиjаниjа во делот на внесување на промени, но и креирање на национални
и локални политики кои што го унапредуваат земjоделството и руралниот развоj.
Дел од мрежите во кои што членува Коалициjата се и следниве: Мрежа за рурален
развоj на Република Северна Македониjа, Мрежа за одржливост на граѓанските
организации, Мрежа за Отворено Владино Партнерство, Мрежа за климатски промени,
ИПА механизам, Национална платформа за родово-одговорно буџетирање, Мрежа за
подобрување на квалитетот на услугите во jавната администрациjа, Граѓанска
алиjанса за транспареност итн.
Кога сме каj застапувањето и
претставувањето, Рурална Коалициjа со своj претставник избран на jавен повик од
организациите кои што делуваат во секторот земjоделство и рурален развоj, е членка и го застапува секторот
земjоделство и рурален развоj во Советот за соработка со и развоj на граѓанскиот
сектор, коj што пак е советодавно тело на Владата за унапредување на
соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во
Република Северна Македонија. Советот ја следи и анализира јавната
политика која се однесува и/или влијае на граѓанскиот сектор; иницира
донесување на нови или изменување и дополнување на постојните прописи за
унапредување на правната и институционалната рамка за делување на
организациите; дава мислење по предлози на закони, стратегии, програми и други
правни акти кои се однесуваат или влијаат на развојот и на делувањето на
граѓанскиот сектор; го поттикнува унапредувањето на соработката и градењето на
партнерски односи на Владата и органите на државната управа со граѓанскиот
сектор; учествува во подготовката и го следи спроведувањето на Стратегијата за
соработка на Владата со граѓанскиот сектор и Акцискиот план за спроведувањето
на Стратегијата; дава мислење на годишно ниво за реализација на Стратегијата за
соработка на Владата со граѓанскиот сектор;ја следи и анализира вклученоста на
организациите во процесот на креирање на јавната политика преку доставените
извештаи за спроведени консултации од страна на органите на државната упава и
дава препораки за нејзино унапредување; дава предлози при планирањето на областите
и специфичните приоритети за финансирање на активности на организациите од
Буџетот на Република Северна Македонија итн.